Потребно е:
- 1 главица кромид
- 2-3 лажици масло
- 300 гр свежи печурки вргањ
- 2 компири
- 1 поголем морков
- 1 лажица мелен сув зачин
- 1 чешне лук
- бибер
- естрагон во прав
- 100 мл бело вино
- 700 мл вода
- 100 мл кисела павлака
- магдонос
Подготовка:
Печурките исчистете ги, измијте ги убаво, исечете ги на листови, кратко сварете ги во врела вода и исцедете ги.
На врело масло испржете го ситно сецканиот кромид. Додадете го морковот исецкан на коцкички и печурките. Кратко сите состојки заедно динстајте ги со додавање на малку вода.
Потоа додадете ги компирите исецкани на коцки, стиснатиот лук, мелениот сув зачин, биберот и естрагонот и продолжете со динстањето уште 10-тина минути.
Додадете ги виното, врелата вода и кратко варете. На крај додадете ја и киселата павлака.
Пред да ја послужите во чорбата исецкајте свеж магдонос.