Лесен ручек за целото семејство: Крем супа од печурки

Сеп 4, 2019 | Супи и Чорби

Оваа супа ќе ви помогне да се ослободите од проблемите со стомакот и болката во желудникот. Освен тоа, ќе уживате во нејзиниот прекрасен вкус.
Потребни состојки

  • 300 гр. свежи шампињони
  • 1 главица лук
  • 1 мал морков
  • 1 чаша млеко
  • 1.5 дл павлака за готвење
  • сол
  • бибер
  • мешавина на зачини

Начин на подготовка:
На малку масло издинстајте го лукот, па додајте ги шампињоните исечени на парчиња (оставете 2 од нив на страна).

Кога тие ќе омекнат, испасирајте ги во блендер.

Вратете ги на оган, а потоа додајте ги 2-те преостанти шампињони исецкани на парчиња, морковот исецкан на парчиња, мешавината зачини, солта и биберот, па потоа прелијте со вода.
Кога морковот ќе омекне, додајте ги млекото и павлаката, кратко гответе, па послужете.

Крем чорба од спанаќ, вкусна и здрава

Крем чорба од спанаќ, вкусна и здрава

Состојки: 1/2 кг спанаќ 2 компири 2 кромид 3 чешниња лук 1 јајца 3 лажици павлака малку масло сол по вкус 1 шолја млеко 1 лажица брашно Подготовка: Спанаќот исчистете го, сварете го во солена вода и исцедете го. Заедно згответе ги компирите, кромидот и лукот....

Супата која Грците ја обожаваат: Рецепт за фантазија од пилешко и жолчки од јајца со лимон

Супата која Грците ја обожаваат: Рецепт за фантазија од пилешко и жолчки од јајца со лимон

Авголемоно е грчки сос направен од густин, јајца и лимон, а своето име го дели со фината пилешка супа што служи како основа. Идеален е за подготовка кога имате вишок на печено или варено пилешко, а ви се јаде нешто брзо подготвено, топло и неодоливо на лажица....

Крем чорба од брокули и компири

Крем чорба од брокули и компири

Подготовка: Брокулата убаво измијте ја и поделете ја на цветчиња. Компирите излупете ги и исецкајте ги на коцкички. Сипете 1 л вода во еден подлабок сад, посолете и ставете го садот на рингла. Кога водата ќе почне да вре ставете неколу цветчиња брокула и варете ги 3...

Чорба од вргањ

Чорба од вргањ

Хранлива, кремаста и многу вкусна … Потребно е: 1 главица кромид 2-3 лажици масло 300 гр свежи печурки вргањ 2 компири 1 поголем морков 1 лажица мелен сув зачин 1 чешне лук бибер естрагон во прав 100 мл бело вино 700 мл вода 100 мл кисела павлака магдонос Подготовка:...