ТУРЛИ ТАВА СО ПИЛЕШКО МЕСО

Дек 29, 2017 | Пилешко

Состојки:

500 гр пилешко месо
1 кромид
печурки
морков
компир
пиперка
тиквица
модар домат
домат
црвен пипер
масло за готвење

Начин на готвење

Во тавче се пропржува сецканото на коцки пилешко месо (по желба може и свинско или телешко).
Во подлабок сад со масло за готвење се пржи кромидот, па се додаваат печурките, морков сецкан на коцки, компир, па пиперка, тиквица, модар патлиџан и обичен црвен домат.

Се зачинува со сол, бибер и буковец по желба.

Потоа се додава и месото во длабокиот сад и се промешува.

Во тавчето во кое го пржевме месото се додава 1-2 лажици црвен пипер и се промешува.

Пржениот зеленчук со месото се претура во тава (земјена или керамичка која е потребно претходно да биде стоплена во рерна за да не испука), се залева со црвениот пипер и се става да се пече.

Во текот на печењето се промешува 2-3 пати. Откако убаво ќе фати коричка и скоро ќе испари течноста се вади тавата од рерна.

По желба може да се изренда и кашкавал додека е уште топло или пак да се нароси со пармезан

Придобивки од јајцата на отворени пасишта

Придобивки од јајцата на отворени пасишта

Никогаш немој да штедите кога се работи за вашето дете особено за мали бебиња. Органските јајца се одлична храна за бебињата која е доста хранлива , а всушност се добра опција за кога сакате да воведете цврста храна на вашето бебе. Тие се полни со есенцијални масни...

СЕ ТОПАТ ВО УСТА! Еве како да ги направите најдобрите пилешки нагетси со само неколку состојки!

СЕ ТОПАТ ВО УСТА! Еве како да ги направите најдобрите пилешки нагетси со само неколку состојки!

За ова одлично јадење ќе бидат доволни малку брашно, лук во прав, пилешко филе и уште неколку состојки. Доколку сте љубители на крцкаво пилешко, овие нагетси се вистинската работа за вас. Состојки: половина чаша брашно една лажичка лук во прав 800 гр пилешко филе...

Брзо и вкусно: Пилешки ролни со сланина

Брзо и вкусно: Пилешки ролни со сланина

Ако немате време за комплицирани јадења, подгответе брзи и вкусни пилешки ролни со сланина. Состојки: 1 кг. пилешки стек тенки листови сланина 100 гр. кашкавал 5 кисели краставички босилек кари зачин сол, бибер зејтин Подготовка: Стекот исечете го на шницли, исчукајте...

Рецепт за ПИЛЕШКИ батаци во сос од ПАРМЕЗАН: Месото е толку сочно што се топи во уста!

Рецепт за ПИЛЕШКИ батаци во сос од ПАРМЕЗАН: Месото е толку сочно што се топи во уста!

Совршен ручек за денес Состојки: 7 батаци 4 чешниња лук 40 гр путер 1 лажица брашно 150 мл пилешка супа 200 мл неутрален крем сол, бибер пармезан Подготовка: Зачинете ги батаците по вкус пред печење. На врело масло пропржете го лукот, па додадете го месото. Додадете...