Предлог што да зготвите за денешниот ручек.
Потребни состојки:
- 400 гр компири
- Две лажици маслиново масло
- 4 пилешки батаци со карабатак
- 1 лажичка оригано
- Сол и бибер
- Рузмарин
- 200 гр фета сирење
- 30 маслинки
- 200 гр шери домати
- 1 лажица јаболков оцет
Начин на подготовка:
Вклучете ја рерната на 200 степени, а во тава ставете хартија за печење. Посолете ги компирите кои претходно ќе ги исечкате на коцки, ставете ги во тава на хартија за печење и посипете ги со 1 лажица маслиново масло.
Посолете го месото, додајте и од сушените зачини, премачкајте го со маслиново масло и ставете го во тава врз компирите.
Печете во загреана рерна околу 40 минути. По 40 минути, извадете ја тавата од рерна, додајте фета сирење, маслинки, шери домати, јаболков оцет и вратете во рерна па печете уште 35 минути.