Се подготвува лесно, а ќе уживате во секој залак.
Потребни ви се само неколку минути за подготовка на овој оброк.
Состојки:
- Четири парчиња пилешко филе
- Сол и бибер по вкус
- 45 гр. презла
- 50 гр. рендан пармезан
- 50 гр. рендан пармезан
- Свеж магдонос
- Чешне лук
- Лажица сенф
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 230 степени. Наредете го пилешкото месо на тава обложена со алуминиумска фолија, а одозгора ставете сол и бибер
Во сад ставете презла, пармезан, маслиново масло, магдонос и исецкан лук. На секое парче намачкајте малку сенф, а одозгора ставете ја смесата со презлата.
Печете околу 15 до 20 минути. Сервирајте со салата.