ПОЛНЕТИ ПИЛЕШКИ ШНИЦЛИ

Дек 13, 2017 | Пилешко

Подготовка

Белото месо треба да се приготви за шницли и да се исчука. Потоа печурките треба да се исецкаат на мали парченца и да се пржат со многу малку масло за пржење. Кога ќе омекнат, ставете ги и јајцата, заедно со сол и бибер и направете кајгана.

Шунката треба да се исецка на тенки листови, а кашкавалот да се изренда. Потоа во сад за печење да се наставаат шницлите, па врз нив да се стават пржените шампињони, па да се прекријат со листови од шунка, да се прелиат со павлака и да се остави да се печат. Неколку минути пред крајот  ставете го изренданиот кашкавал и сето тоа оставете го да се испече до крај.

За подготовка на шницлите ви се потребни следниве состојки:

Потребни состојки:

400 г. бело пилешко месо
400 г печурки шампињони
100 г шунка
150 г павлака
50 грама кашкавал
Сол, бибер, масло и 2 јајца

Вкусно јадење кое едноставно се прави, а е вистински рај за непцата

Вкусно јадење кое едноставно се прави, а е вистински рај за непцата

Испасирајте го месото, па посолете го и зачинете го. Наредете во подмачкан сад за печење. Додадете шунка исечена на прстени и рендано сирење и повторете ја постапката уште еднаш. Прелијте ја смесата со изматените јајца и кремот. Печете околу 40 минути на 200 степени....

Придобивки од јајцата на отворени пасишта

Придобивки од јајцата на отворени пасишта

Никогаш немој да штедите кога се работи за вашето дете особено за мали бебиња. Органските јајца се одлична храна за бебињата која е доста хранлива , а всушност се добра опција за кога сакате да воведете цврста храна на вашето бебе. Тие се полни со есенцијални масни...

СЕ ТОПАТ ВО УСТА! Еве како да ги направите најдобрите пилешки нагетси со само неколку состојки!

СЕ ТОПАТ ВО УСТА! Еве како да ги направите најдобрите пилешки нагетси со само неколку состојки!

За ова одлично јадење ќе бидат доволни малку брашно, лук во прав, пилешко филе и уште неколку состојки. Доколку сте љубители на крцкаво пилешко, овие нагетси се вистинската работа за вас. Состојки: половина чаша брашно една лажичка лук во прав 800 гр пилешко филе...

Брзо и вкусно: Пилешки ролни со сланина

Брзо и вкусно: Пилешки ролни со сланина

Ако немате време за комплицирани јадења, подгответе брзи и вкусни пилешки ролни со сланина. Состојки: 1 кг. пилешки стек тенки листови сланина 100 гр. кашкавал 5 кисели краставички босилек кари зачин сол, бибер зејтин Подготовка: Стекот исечете го на шницли, исчукајте...