Пилешко на кинески начин

Фев 7, 2020 | Пилешко

За сите љубители на кинеската кујна овој рецепт е идеален за неделен ручек.

Потребни сосотјки:

  • половина главица зелка, исечкана на ленти
  • 1 главица кромид, исечкан на полумесечинки
  • 2 парчиња морков, изрендани
  • 1 мала главица брокула, расцветана
  • 1 мало парче ѓумбир, излупено и изрендан
  • 1 парче пилешки гради, исечкано на долгнавести парчиња
  • 300 г нудли (кинески тестенини), сварени
  • 1 лажица масло од сусам
  • 1 лажица соја сос
  • 1 лажица ворчестер сос
  • 2 лажици кечап
  • 1 лажица шеќер

 

Подготовка:
Во тавче за пржење ставете малку масло да се загрее. На загреаното масло ставете го ѓумбирот да се пропржи многу кратко, 30 секунди.
Потоа, ставете го пилешкото и пржете го околу 5-8 минути.
За тоа време сварете ги нудлите.
Потоа, додадете ги зелката, морковот, брокулата, ставете малку вода и динстајте додека да омекнат сите зеленчуци. Повремено мешајте.
Кога зеленчукот ќе биде мек, додадете ги нудлите и соја сосот, маслото од сусам, ворчестер сосот и зачинете со бибер и шеќер.
Измешајте убаво и оставете малку да се спојат сите состојки.

Извор: kurir.mk

Вкусно јадење кое едноставно се прави, а е вистински рај за непцата

Вкусно јадење кое едноставно се прави, а е вистински рај за непцата

Испасирајте го месото, па посолете го и зачинете го. Наредете во подмачкан сад за печење. Додадете шунка исечена на прстени и рендано сирење и повторете ја постапката уште еднаш. Прелијте ја смесата со изматените јајца и кремот. Печете околу 40 минути на 200 степени....

Придобивки од јајцата на отворени пасишта

Придобивки од јајцата на отворени пасишта

Никогаш немој да штедите кога се работи за вашето дете особено за мали бебиња. Органските јајца се одлична храна за бебињата која е доста хранлива , а всушност се добра опција за кога сакате да воведете цврста храна на вашето бебе. Тие се полни со есенцијални масни...

СЕ ТОПАТ ВО УСТА! Еве како да ги направите најдобрите пилешки нагетси со само неколку состојки!

СЕ ТОПАТ ВО УСТА! Еве како да ги направите најдобрите пилешки нагетси со само неколку состојки!

За ова одлично јадење ќе бидат доволни малку брашно, лук во прав, пилешко филе и уште неколку состојки. Доколку сте љубители на крцкаво пилешко, овие нагетси се вистинската работа за вас. Состојки: половина чаша брашно една лажичка лук во прав 800 гр пилешко филе...

Брзо и вкусно: Пилешки ролни со сланина

Брзо и вкусно: Пилешки ролни со сланина

Ако немате време за комплицирани јадења, подгответе брзи и вкусни пилешки ролни со сланина. Состојки: 1 кг. пилешки стек тенки листови сланина 100 гр. кашкавал 5 кисели краставички босилек кари зачин сол, бибер зејтин Подготовка: Стекот исечете го на шницли, исчукајте...