Пилешки крилца во со сос од кашкавал- ова е едноставен ручек за кој нема да потрошите многу време…
Потребно е:
- 1 кг пилешки крилца
- околу 50 г рендан кашкавал
- 100 г неутрална павлака
- 1 јајце
- мелен сув зачин
- сол, бибер
- масло
Подготовка:
Крилцата посипете ги со мелениот сув зачин. Ставете ги да се пржат на загреано масло додека не поруменат од двете страни.
Потоа додадете малку вода и динстајте ги додека не омекнат.
Омекнатите крилца наредете го во огноотпорена тава заедно со сосот во кој се динстаа.
Во еден сад измешајте ја павлаката со ренданиот кашкавал, јајцето и зачинете по вкус.
Овој сос прелијте го преку крилцата во тавата.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 15 минути.