Наместо прејадување за празниците, еве одличен рецепт: Густа чорба од вргањ

Јан 3, 2019 | Супи и Чорби

Хранлива, кремаста и многу вкусна …

Потребно е:

  • 1 главица кромид
  • 2-3 лажици масло
  • 300 гр свежи печурки вргањ
  • 2 компири
  • 1 поголем морков
  • 1 лажица мелен сув зачин
  • 1 чешне лук
  • бибер
  • естрагон во прав
  • 100 мл бело вино
  • 700 мл вод
  • 100 мл кисела павлака
  • магдонос

Подготовка:
Печурките исчистете ги, измијте ги убаво, исечете ги на листови, кратко сварете ги во врела вода и исцедете ги.

На врело масло испржете го ситно сецканиот кромид. Додадете го морковот исецкан на коцкички и печурките. Кратко сите состојки заедно динстајте ги со додавање на малку вода.

Потоа додадете ги компирите исецкани на коцки, стиснатиот лук, мелениот сув зачин, биберот и естрагонот и продолжете со динстањето уште 10-тина минути.

Додадете ги виното, врелата вода и кратко варете. На крај додадете ја и киселата павлака.

Пред да ја послужите во чорбата исецкајте свеж магдонос.

Крем чорба од спанаќ, вкусна и здрава

Крем чорба од спанаќ, вкусна и здрава

Состојки: 1/2 кг спанаќ 2 компири 2 кромид 3 чешниња лук 1 јајца 3 лажици павлака малку масло сол по вкус 1 шолја млеко 1 лажица брашно Подготовка: Спанаќот исчистете го, сварете го во солена вода и исцедете го. Заедно згответе ги компирите, кромидот и лукот....

Супата која Грците ја обожаваат: Рецепт за фантазија од пилешко и жолчки од јајца со лимон

Супата која Грците ја обожаваат: Рецепт за фантазија од пилешко и жолчки од јајца со лимон

Авголемоно е грчки сос направен од густин, јајца и лимон, а своето име го дели со фината пилешка супа што служи како основа. Идеален е за подготовка кога имате вишок на печено или варено пилешко, а ви се јаде нешто брзо подготвено, топло и неодоливо на лажица....

Лесен ручек за целото семејство: Крем супа од печурки

Лесен ручек за целото семејство: Крем супа од печурки

Оваа супа ќе ви помогне да се ослободите од проблемите со стомакот и болката во желудникот. Освен тоа, ќе уживате во нејзиниот прекрасен вкус. Потребни состојки 300 гр. свежи шампињони 1 главица лук 1 мал морков 1 чаша млеко 1.5 дл павлака за готвење сол бибер...

Крем чорба од брокули и компири

Крем чорба од брокули и компири

Подготовка: Брокулата убаво измијте ја и поделете ја на цветчиња. Компирите излупете ги и исецкајте ги на коцкички. Сипете 1 л вода во еден подлабок сад, посолете и ставете го садот на рингла. Кога водата ќе почне да вре ставете неколу цветчиња брокула и варете ги 3...