Крем чорба од брокули и компири

Мар 4, 2019 | Супи и Чорби

Подготовка:

Брокулата убаво измијте ја и поделете ја на цветчиња. Компирите излупете ги и исецкајте ги на коцкички.

Сипете 1 л вода во еден подлабок сад, посолете и ставете го садот на рингла.

Кога водата ќе почне да вре ставете неколу цветчиња брокула и варете ги 3 минути од моментот кога водата повторно ќе почне да врие.

Извадете ги од врлата вода и ставете ги во чинија со ладна вода. После неколку минути извадете ги од водата, исцедете ги и оставете ги за сервирање.

Во врелата вода ставете ја коцката за супа и промешајте додека не се растопи.

Во друг сад на рингла загрејте 2 лажици маслиново масло и ставете го сецканиот праз. Кога ќе омекне додадете ги сецканите компири. Пржете ги неколку минути со постојано мешање, а потоа додадете ја зеленчуковата супа. Оставете да се вари на средна температура.

Пред крај додадете ги преостанатите цветови брокула и варете додека не омекнат.

Тенџерето тргнете го од рингла и со рачен миксер измиксирајте ја убаво супата, со сите состојки во неа, да стане кремаста.

Додека се вари чорбата исецкајте ги кришките леб на коцки. Ставете ги во една чинија, додадете го ситно сецканото лукче и малку маслиново масло. Измешајте.

Потоа сипете ги во тава во еден слој и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 10 минути.

Пред да ја послужите крем чорбата по потреба додадете сол. Сипете ја во керамички чинии и во секоја чинија ставете по едно цветче варена брокула и малку од печените коцки леб.

Потребно е:

  • 300 гр брокули
  • 300 гр компири
  • 1 страк праз
  • 1 зеленчукова коцка за супа
  • 1 л вода
  • 2-3 кришки леб
  • 1 чешне лук
  • маслиново масло
  • сол

 

Крем чорба од спанаќ, вкусна и здрава

Крем чорба од спанаќ, вкусна и здрава

Состојки: 1/2 кг спанаќ 2 компири 2 кромид 3 чешниња лук 1 јајца 3 лажици павлака малку масло сол по вкус 1 шолја млеко 1 лажица брашно Подготовка: Спанаќот исчистете го, сварете го во солена вода и исцедете го. Заедно згответе ги компирите, кромидот и лукот....

Супата која Грците ја обожаваат: Рецепт за фантазија од пилешко и жолчки од јајца со лимон

Супата која Грците ја обожаваат: Рецепт за фантазија од пилешко и жолчки од јајца со лимон

Авголемоно е грчки сос направен од густин, јајца и лимон, а своето име го дели со фината пилешка супа што служи како основа. Идеален е за подготовка кога имате вишок на печено или варено пилешко, а ви се јаде нешто брзо подготвено, топло и неодоливо на лажица....

Лесен ручек за целото семејство: Крем супа од печурки

Лесен ручек за целото семејство: Крем супа од печурки

Оваа супа ќе ви помогне да се ослободите од проблемите со стомакот и болката во желудникот. Освен тоа, ќе уживате во нејзиниот прекрасен вкус. Потребни состојки 300 гр. свежи шампињони 1 главица лук 1 мал морков 1 чаша млеко 1.5 дл павлака за готвење сол бибер...

Чорба од вргањ

Чорба од вргањ

Хранлива, кремаста и многу вкусна … Потребно е: 1 главица кромид 2-3 лажици масло 300 гр свежи печурки вргањ 2 компири 1 поголем морков 1 лажица мелен сув зачин 1 чешне лук бибер естрагон во прав 100 мл бело вино 700 мл вода 100 мл кисела павлака магдонос Подготовка:...