Пилешко и зеленчук

by | Окт 29, 2017 | Пилешко

Потребни состојки:

  • моркови
  • жолти пиперки
  • црвен кромид
  • брокула
  • шери домати
  • лук
  • 3 парчиња пилешки стек
  • маслиново масло
  • мајчина душица
  • сол, црн бибер, црвен пипер

Начин на подготовка:

Исечканиот зеленчук наредете го во тава за печење и посипете со маслиново масло, сол и црн бибер. Додајте ги гранчињата мајчина душица и чешнињата лук.

Во алуминиумска фолија ставете едно парче пилешко месо, попрскајте со маслиново масло, сол и црвен пипер, и притоа постапката повторете ја од двете страни. Врз стекот ставете едно чешне лук и гранче мајчина душица, а потоа завиткајте ја алуминиумската фолија.
Повторете со останатите парчиња месо. Ставете ги завитканите парчиња месо во тава за печење.

Тавата со зеленчук и тавата со месо печете ги заедно во рерна на 200 степени, 30 минути.

Декорирајте по желба и уживајте во вкусот.

https://www.facebook.com/officialgoodful/videos/1472913336112461/