Салата од просо, куркума и краставица

Состојки

  • 1 сецкана свежа краставица
  • 100гр просо
  • 1/2 лажиче куркума
  • 1 лажиче ленено семе
  • 100гр крем сир
  • 2 лажици кисела павлака
  • 1 лажица јогурт
  • хималајска сол и бибер по вкус
  • околу 300мл вода за варење на просото

Подготовка

  • Прво просото го ставаме во топла вода, во која сме додале малку сол да се вари.
  • Вариме од прилика околу 12-15 минути.
  • Проверуваме дали е сварено, ако не е по потреба ставаме уште малку вода.
  • Потоа го истураме во цедалка, го миеме и оставаме убаво да се просуши.
  • Сега во еден сад ги соединуваме ситно сецканата краставица, ленот, куркумата, хималајската сол, ( внимавајте, бидејќи има малку сол и во просото), биберот, крем сирењето, јогуртот, павлаката.
  • Го додаваме исцеденото просо и убаво ја соединуваме цела смеса.
  • Сервираме и ја чуваме во фрижидер околу 20 минути пред да ја послужиме.

Салата која ги „јаде“ килограмите

Овој рецепт за салатата од која се слабее го објави познатиот руски автор на многу книги од областа на народната-традиционална медицина, при едно негово гостување на руската телевизија во емисија за здрав живот.

Тој живее и работи во Каменск-Шахинискиј недалеку од Ростов. До сега има објавено повеќе од 60 книги кои се продадени во преку 30 милиони примероци а се преведени на повеќе странски јазици. Малахов со своите книги ги мотивира луѓето да го запознаат својот организам и да научат како сами да се лекуваат и да живеат поздрав живот.

Ова е рецептот на Малахов:

  • Изрендајте 2 кисели јаболка
  • Додадете 50 г рендан корен од целер и малку изрендан корен од рен
  • Салатата зачинете ја со кефир

Салатата ги „јаде“ вишокот калории и треба да се консумира навечер.

Салата со која ќе ги намалите токсините и ќе ги стопите мастите

Освежете се со салатата која може да замени цел оброк и е многу хранлива и вкусна. Најдобро од се: ќе го исчисти вашиот организам од токсини и ќе ги стопи мастите.

Основните компоненти на салатата го збогатуваат организмот со витамини и минерали, исполнети се со влакна и пектин.

Благодарение на тоа, ова здраво јадење придонесува за ефикасно чистење на цревата. Со самото тоа, поради исфрлувањето на фекалните наслаги се намалува и телесната тежина.

Но, тоа не е се, со самото заменување на еден оброк со оваа салата, сигурно ќе ја намалите тежината.

За нејзина подготовка ви се потребни, зелка, цвекло, морков, зелена салата, лимонов сок и масло.

Изрендајте ги производите или ситно исецкајте ги и зачинете ги со малку масло (се препорачува ленено или маслиново) и половина цеден лимон.

Уживајте во оваа витаминска бомба…

Табуле салата (либанска салата)

Традиционална либанска салата. Освежителна и многу здрава посебно поради количината на магдонос во неа.

Потребно е:

  • 1 чаша кус-кус (издробена пченица)
  • 1 китка магдонос
  • 1 домат
  • 1 свежа краставица
  • 1 лимон
  • маслиново масло
  • сол

Подготовка:
Кус-кусот потопете го во млака вода за да омекне. Додадете му половина исцеден лимон и оставете да стои еден час. За тоа време кус-кусот ќе ја впие течноста и ќе набабри.

Измијте го магдоносот и многу ситно исецкајте го.

Исто така многу ситно исецкајте ги краставицата и доматот.

Измешајте го сецканиот зеленчук со кус-кусот. Ако остане малку од течноста, исцедете ја.

Пред да ја послужите салатата посипете ја со сок од половина лимон и маслиново масло.

Послужување: Во некои рецепти може да се најде и ситно сецкана главица црвен кромид.

Кремаста салата со пилешко и печурки

Брзо ќе ја подготвите, а може да ви замени цел оброк …

Потребно е:

  • 500 гр варено пилешко бело месо
  • 150 гр пченка шеќерец
  • 150 гр грашок
  • 100 гр маринирани шампињони
  • 3 варени јајца
  • 400 гр мајонез
  • сол

Подготовка:
– Сварете го пилешкото месо и оставете да се излади. Ситно исецкајте го или искинете го со раце.

– Сварете ја пченката и грашокот, исцедете и оставете да се изладат.

– Сварените јајца ситно исецкајте ги.

– Исто исецкајте ги и маринираните шампињони.

– Сите состојки ставете ги во еден подлабок сад, по вкус посолете, додадете го мајонезот и убаво измешајте.

– Пред да ја послужите оставете да стои неколку часа во фрижидер.

Салата со туна и леблебии

Потребно е:

  • 2 конзерви леблебии
  • 1 главица кромид
  • 1 пиперка
  • 2 конзерви туна
  • 1 чешне лук
  • 1 китка магдонос
  • 1 лажиче сецкано свежо нане
  • 3 лажици сок од лимон
  • прстофат изрендана кора од лимон
  • маслиново масло
  • сол, бибер

Подготовка:

Ситно исецкајте ги кромидот и пиперката. Лукот издробете го.

Во еден подлабок сад измешајте ги леблебиите, туната, кромидот, пиперката и се зачинете со лимонот, сол и бибер.

Додадете ги сецканите магдонос и нане. На крај додадете го и маслиновото масло и убаво измешајте.

Ладна пилешка салата, идеална за деновите кога не ви се готви

Пред да се пожалите на сите околу вас дека денес не ви се готви, па домашните ќе мора да се снаоѓаат со тоа што има во фрижидерот, размислете повторно.

ladna-pileshka-salata-idealna-za-denovite-koga-ne-vi-se-gotvi-01.jpg

Оваа ладна салата со пилешко и зеленчук е идеално решение за деновите кога не ви се готви.

Состојките се едноставни, а подготовката се одвива така што сите состојки ги ставате на купче и ги мешате.

Може да комбинирате со тортиљи, брускети или да ја искористите идејата од видеото, па салатата да ја послужите на листови марула.

 

ladna-pileshka-salata-idealna-za-denovite-koga-ne-vi-se-gotvi-03.jpg

Потребни состојки:

  • 3 шолји сварено бело пилешко месо, исечкано на парчиња
  • 1 шолја кисели краставички, исечени на кругови
  • ½ шолја виолетов кромид, сечкан на ситни коцки
  • 2 стапчиња целер
  • 2/3 шолја мајонез
  • ¼ шолја сенф
  • 2 лажици вински оцет
  • 1 лажица сечкан копар
  • ½ лажица буковец
  • Сол, бибер

Подготовката погледнете ја во продолжение: