Салата од просо, куркума и краставица

Јул 30, 2019 | Салати

Состојки

  • 1 сецкана свежа краставица
  • 100гр просо
  • 1/2 лажиче куркума
  • 1 лажиче ленено семе
  • 100гр крем сир
  • 2 лажици кисела павлака
  • 1 лажица јогурт
  • хималајска сол и бибер по вкус
  • околу 300мл вода за варење на просото

Подготовка

  • Прво просото го ставаме во топла вода, во која сме додале малку сол да се вари.
  • Вариме од прилика околу 12-15 минути.
  • Проверуваме дали е сварено, ако не е по потреба ставаме уште малку вода.
  • Потоа го истураме во цедалка, го миеме и оставаме убаво да се просуши.
  • Сега во еден сад ги соединуваме ситно сецканата краставица, ленот, куркумата, хималајската сол, ( внимавајте, бидејќи има малку сол и во просото), биберот, крем сирењето, јогуртот, павлаката.
  • Го додаваме исцеденото просо и убаво ја соединуваме цела смеса.
  • Сервираме и ја чуваме во фрижидер околу 20 минути пред да ја послужиме.
Идеја за лесен ручек без готвење: Карпачо од тиквички и бадеми

Идеја за лесен ручек без готвење: Карпачо од тиквички и бадеми

Рецептите со тиквички се неисцрпна тема, па не грижете се што да подготвите за летен ручек или лесна вечера бидејќи тиквичките се инспирација на која секогаш можете да се потпрете. Во оваа едноставна комбинација, ручекот што ќе го подготвите за вашите најблиски ќе...

Листа на најздрави салати

Листа на најздрави салати

Салатите се многу здрав оброк, но дали знаевте дека некои се сепак подобри за вашиот организам од другите благодарение на нутриентите кои ги содржат. Зависно од количината на здрави состојки како, на пример, влакна, протеини, калциум, железо, рибофлавин, витамини или...

Пијалак за детоксикација: Брусница за чистење на организмот

Пијалак за детоксикација: Брусница за чистење на организмот

На сите нас ни е потребна детоксикација на организмот. Потребно е да го прочистиме телото од сите штетни супстанци кои ги внесуваме во нас преку храната, пијалоците но и преку воздухот. Најбрз начин да извршиме детоксикација е со пијалоци кои можеме да ги направиме...

Рецепт за најубавата посна салата со компири, моркови и кисели краставички

Рецепт за најубавата посна салата со компири, моркови и кисели краставички

Сочна и едноставна салата од компир која ќе ја обожавате! Состојки: 1 кг компир 150 гр целер 1 главица кромид 500 гр моркови 250 гр посен мајонез 200 гр кисели краставички 1 лажица сенф малку бибер неколку лажици оцет од тегла од краставиците Начин на...