ТУРЛИ ТАВА СО ПИЛЕШКО МЕСО

Состојки:

500 гр пилешко месо
1 кромид
печурки
морков
компир
пиперка
тиквица
модар домат
домат
црвен пипер
масло за готвење

Начин на готвење

Во тавче се пропржува сецканото на коцки пилешко месо (по желба може и свинско или телешко).
Во подлабок сад со масло за готвење се пржи кромидот, па се додаваат печурките, морков сецкан на коцки, компир, па пиперка, тиквица, модар патлиџан и обичен црвен домат.

Се зачинува со сол, бибер и буковец по желба.

Потоа се додава и месото во длабокиот сад и се промешува.

Во тавчето во кое го пржевме месото се додава 1-2 лажици црвен пипер и се промешува.

Пржениот зеленчук со месото се претура во тава (земјена или керамичка која е потребно претходно да биде стоплена во рерна за да не испука), се залева со црвениот пипер и се става да се пече.

Во текот на печењето се промешува 2-3 пати. Откако убаво ќе фати коричка и скоро ќе испари течноста се вади тавата од рерна.

По желба може да се изренда и кашкавал додека е уште топло или пак да се нароси со пармезан

Мени