Среќа за целото семејство – домашни пилешки ќебапчиња

Состојки:

  • 500 гр мелено пилешко месо ( можете да го купите или само да го сомеете дома)
  • 2 лажици павлака
  • 150 гр. кашкавал
  • 50 гр. пармезан
  • 50 гр. сланина
  • 3 лажици лебни трошки
  • 2 лажици сечкан магдонос
  • половина главица ситно сечкан кромид
  • 1 јајце
  • масло
  • сол и бибер

Подготовка:

Во еден сад добро соединете го меленото пилешко месо, изренданиот кашкавал,

ситно сечканата сланина, пармезанот, магдоносот, павлаката, кромидот, живото јајце и лебните трошки.

Додадете ги зачините по вкус и убаво измесете ја смесата за да се добие изедначена маса.

Добиената смеса оставете ја да отстои 60 минути во фрижидер.

Потоа извадете ја и со раце формирајте ќебапчиња.

Пржете ги ќебапчињата на врело масло додека не поцрвенат од сите страни.
Добар апетит!

Мени