Предлог за ручек: Поховано пилешко со кашкавал

  • 600 гр. пилешко бело месо
  • прстофат лук во прав
  • 1 лажица сецкан босилек
  • 1 лажица сецкан магдонос
  • 150 гр. кечап
  • 3 јајца
  • 1 лимон
  • 100 гр. кашкавал
  • 180 гр. презли
  • 150 гр. брашно
  • 500 гр. компири
  • мешавина зачини
  • оригано
  • масло

Подготовка:

 

Пилешкото исечете го како шницли, истенчете ги со чекан за месо и зачинете ги по вкус.

Посебно соединетете ги презлите, лукот во прав, магдоносот и босилекот.

Пилешките шницли извалкајте ги во брашно, потоа во изматените јајца и на крајот во смесата од презли. Пржете ги на жешко масло од двете страни додека не поруменат.

Пржените шницли попрскајте ги со сок од лимон.

Кечапот помешајте го со малку оригано и премачкајте ги шницлите. Потоа шницлите прекријте ги со листови кашкавал и кратко запечете ги во рерна колку кашкавалот да се стопи.

Компирот исчистете го и исечете го на стапчиња, па испржете го на жешко масло и послужете го како прилог.

Мени