Потребно е:
- 115 г омекнат путер
- 125 г печени и многу ситно мелени лешници
- 125 г шеќер
- 4 јајца рендана кора од еден портокал
- 30 г брашно
- 125 г рикота сирење
- 2 лажици афионово семе
- прстофат сол
- 3 лажици џем од кајсии, за премачкување
- 50 г рендано темно чоколадо, за посипување
Подготовка:
Рерната загрејте ја на 190 целзиусови степени.
Земете едно тркалезно тавче за печење со димензија од 24 см, обложете го со хартија за печење и лесно намачкајте го со маргарин.
Со миксер матете ги путерот и шеќерот додека да се растопи шеќерот. Потоа, една по една, додавајте ги жолчките.
Исклучете го миксерот и ставете ја кората од портокал.
Додадете ги просеаното брашно, рикотата, афионовото семе и прстофат сол. Измешајте со лажица.
Белките изматете ги со миксер.
Изматените белки полека и во неколку наврати додадете ги во смесата, полека, мешајќи со лажица. Не мешајте премногу или пребрзо, затоа што ќе спласне тортата, а белките ја прават воздушеста и мека.
Ставете ја во тавчето и печете околу 25 до 30 минути, односно во зависност од тоа како ви пече рерната.
Испечената торта оставете ја малку да се олади.
Џемот загрејте го со 4 лажици вода. Со џем премачкајте ја тортата.
На крај, од горе, ставете го изренданото чоколадо.
Сервирајте со малку изматена слатка павлака.