Посно и вкусно: Ванилици со афион

Апр 9, 2019 | Десерти

Вкусни посни колачиња, малку поинакви од обичните ванилици, но неверојатно вкусни.

Потребно е:

250 г маргарин, на собна температура. 130 г шеќер во прав. 1 кесичка ванилин шеќер. 300 г брашно, 200 г мелен афион, џем, по желба.

Подготовка:

-Вклучете ја рерната да се загрее на 170 Целзиусови степени. Земете две тави за печење и обложете ги со хартија за печење.

-Во еден сад ставете ги маргаринот, шеќерот во прав и обичниот шеќер. Изматете ги убаво додека маргаринот не стане пенест.

Додадете ги брашното и мелениот афион и со рака замесете тесто.

-Поделете го тестото на неколку дела и еден по еден развлечете ги меѓу две пластични фолии.

Тргнете ја горната фолија и со чаша или калап исечете кругови од тестото.

Наредете ги круговите тесто на хартијата во тавите и ставете ги да се печат во загреана рерна 8-10 минути.

-Печените колачиња оставете ги малку да се изладат затоа што ќе бидат меки, а потоа префрлете ги во чинија и оставете ги убаво да се изладат.

-Изладените колачиња спојувајте ги две по две со џем.

Чувајте ги во метална кутија.

Неодоливо слатко од миризливо и свежо овошје

Неодоливо слатко од миризливо и свежо овошје

Во тенџерето додадете скроб (нишесте), кој побрзо ќе го згусне. Ви предлагаме да ги искористите јагодите кои веќе може да ги купите и да направите домашно слатко од миризливо и свежо овошје. Ви пренесуваме малку поинаков рецепт од оној на кој сте навикнати. Во...

Американски крофни кои лесно се прават: Готови за само неколку минути со една машина

Американски крофни кои лесно се прават: Готови за само неколку минути со една машина

Јајцата со шеќер изматете ги со миксер. Додадете масло, ванилин шеќер, јогурт и прашок за пециво измешан со брашно. Комбинирајте сè заедно. Загрејте ја машината за крофни и истурете по 1 лажичка фил во секој калап. Затворете го уредот и печете додека не поруменат....

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Во сад ставете протеин по вкус, овесна каша, путер од кикирики и ситно сечкани чоколадни парченца. Мешајте ја смесата додека не стане хомогена, а по потреба додадете една лажица вода или млеко. Можете да декорирате со кокосови трошки или со нешто друго по желба....

Најбрзата чоколадна торта се подготвува многу лесно, а ќе ги освои сите ваши сетила

Најбрзата чоколадна торта се подготвува многу лесно, а ќе ги освои сите ваши сетила

Доколку сакате чо Доколку сакате чоколадни комбинации тогаш оваа торта ќе ги маѓепса сите ваши сетила. Овој рецепт за чоколадна торта со богат филм е нешто божествено, а нејзината подготовка е навистина брза. Состојки: 200 грама мелени бисквити; 200 грама чоколадо;...