Колач со праски

Мај 4, 2019 | Десерти

Состојки:

  • 1 кг праски (или друго овошје по желба)
  • 2 јајца
  • 1 чаша (2дл) шеќер
  • 1 чаша јогурт или павлака
  • 2 чаши брашно
  • ½ кесичка прашок за печиво
  • 1 дл масло
  • малку сол
  • шеќер во прав  – за посипување

Подготовка:

Со мешаат јајцата и шеќерот, се додава павлаката (или јогурт) и масло и малку се посолува.

На крај се додава брашното, измешано со прашокот за пециво и се меша додека не се добие густа и мазна смеса.
Плехот за печење се премачкува со масло и се посипува со брашно.
Тестото се става во плехот, се пече во рерна претходно загреана на 180°С околу 5 мин.

Се вади плехот од рерна и врз полупеченото тесто се реди сечканото овошје. Потоа плехот се враќа во рерната и се продолжува со печење уште 30 мин. Готовиот колач се остава во плехот да се излади и се посипува со шеќер во прав.

Добар апетит!

Неодоливо слатко од миризливо и свежо овошје

Неодоливо слатко од миризливо и свежо овошје

Во тенџерето додадете скроб (нишесте), кој побрзо ќе го згусне. Ви предлагаме да ги искористите јагодите кои веќе може да ги купите и да направите домашно слатко од миризливо и свежо овошје. Ви пренесуваме малку поинаков рецепт од оној на кој сте навикнати. Во...

Американски крофни кои лесно се прават: Готови за само неколку минути со една машина

Американски крофни кои лесно се прават: Готови за само неколку минути со една машина

Јајцата со шеќер изматете ги со миксер. Додадете масло, ванилин шеќер, јогурт и прашок за пециво измешан со брашно. Комбинирајте сè заедно. Загрејте ја машината за крофни и истурете по 1 лажичка фил во секој калап. Затворете го уредот и печете додека не поруменат....

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Во сад ставете протеин по вкус, овесна каша, путер од кикирики и ситно сечкани чоколадни парченца. Мешајте ја смесата додека не стане хомогена, а по потреба додадете една лажица вода или млеко. Можете да декорирате со кокосови трошки или со нешто друго по желба....

Најбрзата чоколадна торта се подготвува многу лесно, а ќе ги освои сите ваши сетила

Најбрзата чоколадна торта се подготвува многу лесно, а ќе ги освои сите ваши сетила

Доколку сакате чо Доколку сакате чоколадни комбинации тогаш оваа торта ќе ги маѓепса сите ваши сетила. Овој рецепт за чоколадна торта со богат филм е нешто божествено, а нејзината подготовка е навистина брза. Состојки: 200 грама мелени бисквити; 200 грама чоколадо;...