Протеинските диети се опасни за здравјето

Многу често високопротеинските диети се препорачуваат за брзо слабеење, без да се земе предвид фактот дека не смеат да траат долго и мора да се практикуваат внимателно,

бидејќи се во исто време и ефикасни и ризични.

Според медицинските сознанија, диетите со голем процент на протеини во оброците, може да предизвикаат оштетувања на бубрезите и нарушување на нивната работа, дури и кај здравите личности.

Во најризична група се оние кои имаат семејна историја на бубрежни заболувања.

Иако протеинските диети се промовираат како здрав и ефикасен начин на слабеење, мора да се биде внимателен со нив, бидејќи со нив се зголемува препорачаниот дневен внес на протеини дури и за 25%.

Поради тоа, пред да ја започнете која и да е диета, покрај позитивните искуства, информирајте се и за евентуалните негативни страни, бидејќи е невозможно овие режими да немаат ниту еден минус.

Рецепт за брзо слабеење

Ако сакате да изгубите неколку килограми, мора сериозно да се посветите на тоа. Тука нема голема мудрост: едноставно внимателно избирајте што јадете и се движите се многу. За оние кои сакаат да ослабат брзо, ве советуваме да ја замените вечерата со овој лаксативен оброк. Сепак, многу е важно да не го користите ова повеќе од 7 дена.

Потребно е:

  • 1 чаша кефир
  • 1 јаболко
  • 1 лажица цимет.

Подготовка: Изрендајте го јаболкото, додадете чаша кефир и 1 лажичка цимет. Јадете го ова навечер наместо вечера.

После неколку дена ќе забележите дека половината ви е потенка, а стомакот ви е порамен.

Оваа каша е одличен пробиотик, совршено ги елиминира токсините од телото. Сепак, за да изгубите тежина во овие 10 дена, треба да јадете здраво: исфрлете слатки, тесто и грицки!

Исто така, наша препорака е половина час во теретана  секој ден!
Резултатите ќе ве воодушеват!

Таен рецепт за слабеење: Се губат 5 килограми за 2 дена!

Магдоносот има широка употреба во кулинарството и задолжително го додаваме во супи и салати. Можеме да го јадеме речиси секој ден, но во мали количини.
Еден од најдобрите начини да изгубите килограми е со помош на магдонос.
Дали сте чуле за доктор Џон Кристофер? Тој е еден од најпопуларните доктори кој навистина ги разбира лековитите својства на зеленчукот. Тој им советува на своите пациенти секојдневно да консумираат магдонос и да му обезбедат здравје на целото тело.
Тој доктор тврди дека магдоносот е еден од најдобрите природни лекови за болести на бубрези. Дури и да немате медицински проблеми и понатаму може да го додадете во исхраната и да го користите за слабеење.
Најдобриот начин за тоа е да направите чај од магдонос и да го пиете во текот на денот. На овој начин можете да изгубите и до 5 килограми за 2 дена.
Покрај вишокот килограми, со помош на овој чај ќе ги исфрлите и сите отрови од телото.
Рецепт: Ставете 5 лажици сечкан магдонос во 1 литар зовриена вода. Покријте го лонецот и оставете да се вари околу 20 минути, а потоа исцедете ја течноста.
Чајот можете да го пиете и со сечкан магдонос.
Овој чај ги лекува сите видови бубрежни проблеми. Ги отстранува бактериите, насобраната течност и сите токсични материи од телото и тоа преку урината.
Секој ден пијте од 2 до 3 шолји од овој чај, но не повеќе од еден литар дневно.

Компир во диета – Да или Не?

Што повеќе зеленчук во исхраната е правило кое не важи за компирот.
Поради количината скроб во компирот, често се вели дека кој дебелее па затоа многумина го сметаат за лоша исхрана ако сте на диета.
Меѓутоа, еден сварен компир средна голема има само 160 калории, нула маснотии и никаков холестерол.
Еден ваков компир, ќе ве засити, а содржи по 4 грама протеини и влакна.
Проблемот настанува ако компирот го исечете и пржите во многу масло, а потоа многу го посолите.
Доколку сакате вкусен оброк, можете да го прелиете сварениот компир со маслиново масло и да го зачините со рузмарин.

Дали е ова најдобрата диета на светот?

Дали некогаш сте слушнале за сканди сенс диета? „Daily Mail“ пишува дека едно од 50 лица во Скандинавија моментално ја држи оваа диета, а нејзиниот автор, мајка на пет деца, тврди дека за 10 месеци загубила 40 килограми.

Како функционира сканди сенс диетата?

Во оваа диета секој оброк се состои од четири порции, кои одговараат на величината на вашата рака, односно на тоа колку храна може да собере во неа.Две од споменатите четири порции треба да изобилуваат со зеленчук – свеж или готвен.Третата порција ја сочинуваат протеини, како јајца, риби или месо од живина, а во четвртата порција влегуваат јаглехидрати, што може да биде ориз, паста, интегрални житарици, па и овошје.Во секој оброк е дозволено да додадете до три лажици масло, или намирници како авокадо, ореви или бадеми.Ако сакате нешто за десерт, исклучете една порција јаглехидрати од оброкот, а ако за појадок не сакате да јадете порција јаглехидрати, заменете ја со порција овошје или протеини.Значи, најважно е да се има добро балансиран оброк, а оваа диета можете да ја држите со недели, па дури и со месеци.

Во прилог прочитајте за некои од можните дневни комбинации:

Појадок: Две јајца, печени брокули и тост од интегрални житарици.
Ручек: Пилешки прсти, авокадо, печен сладок компир, готвени тиквички и пиперки.
Вечера: Лосос, ориз, морков и боранија.
Ако ви е тешко да се придржувате до овој режим, дозволено е да консумирате и здрава (не премногу калорична) ужина.Причината поради која оваа диета е толку успешна е тоа што не е рестриктивна, како и поради тоа што е наменета за сите

 

Домашен мелем од само 3 состојки: За 20 дена половината ќе ви биде потенка за 10 сантиметри

Ако сакате фигурата да ја доведете до совршенство, а малку ви недостасува, пробајте го овој домашен мелем од рен. Станува збор за мелем од познатата руска билкарка д-р. Ирина Стефановска. Клучна состојка е ренот кој помага во слабеењето, го чисти организмот и го подобрува метаболизмот.

Потребно е:

125 гр. рен

3 лимони

3 лажици мед

Подготовка:

Исецкајте го ренот и ставете го во блендер. Добро измијте го лимонот, исчистете го од семките и исецкајте го.Така исецкан додадете го во блендерот, а потоа додадете го и медот. Кога се добро ќе се соедини мелемот е подготвен. Мешавината држете ја во тегла во фрижидер. Секој ден два пати дневно со оброк земјате една лажица од мелемот. Резултатите ќе бидат неверојатни.

Лошите диети посмртоносни од цигарите

Според најновите истражувања, лошата диета е прогласена за „полоша од пушењето“, заедно со виното, содата, како и со неактивниот, „седечки“ живот.

 

Еден од пет смртни случаи годишно или вкупно 11 милиони во светот, се последица од неправилната исхрана, пишува NY Post.

Откриено е дека болестите како што се ракот и дијабетесот најчесто се поврзуваат со лошите прехранбени навики,

како и со погрешни диети кои знаат да бидат погубни за нашиот организам.

 

Земји со најмалку смртни случаи кога станува збор за прехранбените навики, биле оние кои ја следеле медитеранската исхрана,

како што е Шпанија, велат истражувачите.

Земјата е богата со производи како што е маслиновото масло, што ја направи овогодинешна најздрава земја,

според Блумберговиот индекс за здрави земји за 2019.година.

Интересно е тоа што лошите прехранбени избори на листата ги „претркале“цигарите инаку важат за главен непријател на здравјето.

Диета без гладување: За 2 недели се симнуваат помеѓу 7 и 15 килограми

Оваа диета покажува дека можете да изгубите дури по 1 килограм на ден доколку се храните здраво и на време.

Таа е направена од страна на стручњаците на познатата Военомедицинска академија (ВМА) во Белград,

за оние пациенти кои било неопходно да ослабнат непосредно пред операција за да помине сė во најдобар ред.

Виталноста на пациентот е најважната работа на која овие лекари обрнале внимание.

После оваа диета не се чувствувате малаксано, изморено и исцрпено, а не се јавуваат ниту вртоглавици.

Нервозата е сведена на минимум.

Оваа диета се држи во циклуси и има три круга. Секој круг трае пет дена, но после него е потребно да се направи пауза од 2 недели.

Многу е важно да се придржувате до сатницата во исхраната и да ги јадете оброците во отприлика исто време.

На пример, појадокот е веднаш по станувањето, а следните два оброци (ручек и вечера) после 4 до 5 часа од еден до друг.

Појадокот е секој од овие пет дена ист – 1 портокал, 1 парче двопек или 4 крекери, шолја кафе или чај (без засладувачи).

Ова се другите оброци по денови:

Прв ден:

Ручек – 1 варено јајце, 2 лажици кисела павлака (кисело млеко или јогурт), 1 двопек, 1 портокал.

Вечера – 1 до 2 двопека, 2 варени јајца, 1 домат, 1 краставица.

Втор ден:

Ручек – 1 варено јајце, 2 лажици кисела павлака, 2 двопека, 1 портокал.

Вечера – 1 двопек, 125 г мелено јунешко месо, 1 домат, 1 портокал.

Трет ден:

Ручек – 1 варено јајце, 2 лажици кисела павлака (или кисело млеко), 1 свежа краставица, 1 портокал.

Вечера – 1 двопек, 125 г мелено јунешко месо, шолјичка кафе или чај без шеќер, 1 портокал.

Четврти ден:

Ручек – 1 парче двопек, 125 г младо кравјо сирење, 1 домат.

Вечера – 2 двопека (или 8 крекери), 125 г мелено јунешко месо, 2 свежи домати.

Пети ден:

Ручек – 200 г варено јунешко месо, 1 парче двопек, 1 свеж домат.

Вечера – 1 тврдо варено јајце, 500 г варен зеленчук.

Кому е наменета оваа диета?

Оваа диета е одлична за секој кој многу учи и работи затоа што ја одржува концентрацијата на максимално ниво.

Исто така, добра е и за жените после бременоста кои сакаат да го спречат таложењето на масти на местата кадешто кожата се растегнала.

Тие би требало да бидат на овој програм за исхрана сė додека клетките на стомакот, рацете и нозете не се соберат.

Исто така, диетата е најдобар избор и за луѓето кои страдаат од дијабетес, како и за оние кои имаат проблем со срцето и штитната жлезда.

Напиток кој топи килограми како луд

Состојки:

  • една лажичка јаболков оцет
  • прст лута мелена пиперка
  • сок и кора од еден лимон

Подготовка:
Истругајте ја лимоновата кора и полијте ја со 240 мл врела вода.

После 10 мин додадете го сокот од лимон, јаболковиот оцет и мелената лута пиперка.

Измешајте пред секоја голтка и пијте пред и после секој оброк.

ЗОШТО ОВОЈ НАПИТОК Е ТОЛКУ ЕФИКАСЕН?

Мелената пиперка помага во варењето на храната, го забрзува метаболизмот и го стимулира согорувањето на мастите.

Всушност, нејзината состојка, капсаицин, го стимулира нервниот систем да произведе топлина во организмот што поттикнува забрзано трошење на калории.

Лимонот содржи соединенија кои го успоруваат таложењето на масти, а неговата кора содржи полокосанол, соединение кое помага во согорување на наталожените масти.

Јаболковиот оцет, односно неговото редовно конзумирање во умерени количини, помага во растварање на мастите во организмот.

Никогаш нема да ослабете ако овие намирници ги ставите во оброците и салатите!

Здравите оброци се претвораат во масни калориски бомби.

Во текот на летото, салатите се храна која нјамногу се користи. Тие се подготвуваат едноставно, не им треба сериозна термичка обработка, а и лесни се за варење.

Покрај тоа, се сметаат за диетални, што ги прави добар избор за многу луѓе кои сакаат да живеат здраво или да ослабат.

Треба да се има на ум дека не секоја салата е диетална. Ако ставите во чинија домати, рукола, ајсберг и друг зеленчук сигурно салатата ќе ви биде нискокалорична и корисна

. Но, ако додадете некоја друга состојка, ризикувате да го претворите вашиот специјалитет во калорична бомба!

Овие состојки никогаш не треба да ги додавате во салати, но ни во други јадења ако сакате тенка линија!

1. Пченка

Еден од најлесните начини да го намалите внесот на калории и јаглени хидрати е да престанете да додавате пченка насекаде.

2. Павлака

Павлаката е исто така многу калорична. Бидете сигурни дека ако ја додаде во салата таа веќе нема да биде диетална и лесна, а јадењето ќе биде многу мрсно.

3. Кротони

Ако се обидувате да го намалите внесот на тестенини, никогаш немојте да јадете оброк со кротони.

Тоа е како да јадете 1-2 парчиња леб.

4. Солени јаткасти плодови

Сирови ореви и семиња се здрав додаток, но печени јаткасти плодови во кои има сол се нешто друго.

Тие ниту се корисни, ниту диетални.

5. Сланина

Дали мислите дека вашиот оброк ќе биде диетален кога во него ќе додадете масна свинска сланина?

6. Сос од мајонез

Сосот од мајонез е тежок и многу калоричен. Со неговите калории може да ги надмине сите здрави состојки во оброкот.

Намирници кои ќе ви помогнат на патот кон посакуваната тежина

Јаткасти плодови

Според текстот кој е објавен во списанието Food Technology, јаткастите плодови се нутритивно богати,

погодни и обезбедуваат извонредна ситост, што укажува на фактот дека 23 бадеми содржат 129 калории вклучувајќи протеини,

влакна, незаситени масти, витамини и минерали. Студијата од 2012 година покажува дека краткотрајното консумирање на ф’стаци

може да помогне во намалувањето на телесната тежина и процентот на телесните масти кај здрави, млади луѓе во споредба со префинетите закуски полни со јаглени хидрати кои најчесто се консумираат.

Диететски влакна

Во суштина, треба да се зголеми внесот на инулин, олигофруктоза и фруктоолигосахариди,

односно влакна кои помагаат во апсорпција на калциум и функцијата на согорување на масти, а сето ова ќе помогне за намалување на внес на калории од храна и пијалоци.

Мешумки

Мислиме на леќа, грашок, грав и леблебија, кои се одличен извор на протеини и влакна, а содржат мал процент на маснотии.

Протеини

Чисти протеини како што се соја, сурутка, грашок и зеленчук се составен дел од многу програми за губење на тежината.

Диета со палента

На сите во некој момент ни треба брзо решение што ќе ни помогне да симнеме неколку килограми во краток рок.

Најдобри резултати даваат решенијата што му годат на стомакот, а токму такво е палентата.

Сложените јаглени хидрати во комбинација со влакната од палентата долго се варат, па подолго ќе ве држат сити, а притоа го стимулираат доброто варење и спречуваат запек, кој е честа последица на брзите диети.

Од друга страна, диетата со палента што трае 4 дена ќе му ги обезбеди на вашето тело неопходните витамини и минерали, ќе ви ги прочисти цревата и ќе ви го забрза метаболизмот. Исто така, палентата ќе ви помогне да го намалите холестеролот во крвта.

Прв ден
400 грама палента, 1 краставица, 1 домат, 1 јаболко, 2 литри вода

Втор ден
Дуплирајте го менито од првиот ден.

Трет ден
400 грама палента, салата од 300 грама зелена салата, 200 грама свежа зелка, 2 моркова, малку лимонов сок и 1 лажичка маслиново масло, 2 литри вода, 3 шолји зелен чај без шеќер.

Диета со сирење – штедлива и без гладување

Сакате да ослабете, но не поднесувате ни една диета со гладување? Пробајте ја диетата со млечни производи со која може да ослабете без чувство на глад.

Суштината на оваа диета е сирење со мала содржина на маснотии и кефир, намирници кои допринесуваат за брзо согорување на мастите и го блокираат настанокот на истите.

Ќе заштедите многу повеќе ако кефирот си го приготвувате сами, а секако продолжете да го пиете и после завршувањето на диетата, бидејќи ќе ви помогне во одржување на киограмите, јакнење на имунитетот и чистење на телото од токсини.
Во текот на диетата ќе имате чувство на ситост.
Диетата држете ја не подолго од 10 дена. За тој период би требало да изгубите од 3 до 5 килограми.
Важно е да не ги кршите правилата на диетата: Не јадете благо и не пијте алкохол!
Изберете една од варијантите на диетата и држете се до неа:

Прва варијанта
Во текот на денот изедете 400 грама ситно сирење и испијте 1,5 литри немасен кефир. Поделете ја храната на 4-5 еднакви порции.

Пијте доста вода или билни чаеви. Последната чаша кефир испијте ја точно пред спиење.

Втора варијанта

5 пати на ден изедете 60 грама безмасно сирење и испијте по една шолја кефир.
Трета варијанта

Во текот на денот изедете 500 грама урда, 2 парчиња овошје (не и банани), пијте вода и зелен чај
Четврта варијанта

Изедете во текот на денот 500 грама безмасно сирење и 2 чаши кефир, во кој може да додадете житарки.

Дуканова диета: јадете колку сакате – следете само едно правило

Дукановата диета го освои светот. Благодарение на магичните зборови „Можете да јадете колку што сакате“ и ветувањата за брзо слабеење и долготрајно одржување на тежината, диетата на угледниот француски нутриционист д-р Пјер Дукан добива сè поголема популарност.
Тврдењата дека Пенелопе Круз, Џенифер Лопез и Жизел Бундхен со помош на Дукановата диета ги симнале килограмите добиени во бременоста,

како и гласините дека Кетрин Мидлтон и нејзината мајка пред кралската свадба ги обликувале своите тела со помош на оваа диета, придонесоа режимот на исхрана препорачан од Дукан да стане апсолутен светски хит.

Што претставува Дукановата диета?

Дукановата диета препорачува исхрана богата со протеини и внесување на многу мали количини на масти и јаглехидрати.

Таа е многу слична со диетата на д-р Аткинс и често се нарекува француската Аткинсова диета.
Темелот врз којшто Дукан ја гради диетата е таканаречениот протеински ден.

Барем еднаш неделно треба да се консумираат само протеини, а д-р Дукан препорачува тој ден да е четврток.
Дукановата диета содржи 4 фази: Напад, Крстосување, Консолидација и Стабилизација
За време на диетата можете неограничено да консумирате од дозволените типови храна, па добрата страна е што никогаш нема да чувствувате глад и не е потребно да броите калории.
Популарната книга на Дукан предупредува дека како последица на внесувањето на многу протеини и минимални количини јаглехидрати, диетата може да предизвика лош здив, запек, замор и сува уста.
Суштината на Дукановата диета
Дукановата диета се базира на 4 фази. Првите две водат до брзо намалување на тежината, а вторите две се фокусираат на долгорочно одржување на витката линија со цел изгубените килограми никогаш повеќе да не се вратат.

1. фаза: Напад

Протеини, протеини, протеини… тоа е она што Дукан го предлага како задолжителен дел од првата фаза.

Препорачливо е да консумирате пилешко и мисиркино месо, а да избегнувате јагнешко и свинско.

Најдобро е да ги отфрлите месото со кожа и крилцата. Исто така, дозволено е во вашата исхрана да влезат јајцата, рибата и морските плодови, сојата и немасните млечни производи (со исклучок на кашкавал).
Во текот на оваа фаза треба секој ден да консумирате минимум 1,5 литри вода, да внесувате една и пол супена лажица овесни снегулки и да пешачите барем 20 минути.

Времетраење: 1-10 дена.

Резултати: Според Дукан, повеќето луѓе остануваат во оваа фаза пет дена и губат 2-3 килограми.

2. фаза: Крстосување

Се вели дека оваа фаза е фаза на вистинската тежина, односно оној дел од диетата со кој треба да стигнете до посакуваниот изглед на телото.

Во текот на фазата Крстосување потребно е еден ден да консумирате само протеини (како во првата фаза), потоа еден ден протеини + зеленчуци, па повторно само протеини, па повторно протеини + зеленчуци итн.
Дозволени се зеленчуци како домати, брокули, модар патлиџан, спанаќ, цвекло, краставица, кромид, тиква, печурки, ротквици, праз. Забранети се зеленчуците кои содржат скроб, како компири, пченка, леќа, грав, грашок.
Се препорачува пиење на многу вода, консумирање на 2 супени лажици овесни снегулки и 20-минутно пешачење секој ден.

Времетраење: Додека не ја постигнете посакуваната тежина.

Резултати: На секои 3 дена се слабее по половина килограм.

3. фаза: Консолидација

Откако со помош на првите две фази ќе ја постигнете посакуваната тежина, целта треба да ви биде да ја одржите и да не дозволите никогаш да ви се вратат изгубените килограми, па затоа следуваат фазите на Консолидација и Стабилизација.
Третата фаза треба да ве одврати од помислата да им се вратите на старите навики за хранење и да ве донесе до балансирана исхрана.

За време на оваа фаза постепено започнете да ги внесувате во исхраната производите кои ви беа забранети претходно.
Секој ден можете да јадете неограничено количество протеини (вклучително и јагнешко и свинско месо) и зеленчуци, како и мал овошен плод, 2 парчиња интегрален леб и 1 парче сирење. И тука задолжително е пиењето на многу вода и 20-минутното пешачење.
Дукан дава можност во оваа фаза да се консумираат два свечени оброка неделно, односно двапати неделно можете да јадете апсолутно сè што ќе посакате.
Во текот на оваа фаза треба да започнете со практикувањето на протеинскиот ден, т.е. еден ден во неделата да јадете само протеини.

Времетраење: 10 дена за секој изгубен килограм во претходната фаза.

4. фаза: Стабилизација

Фазата на Стабилизација има за цел да ја одржи тежината.

Авторот на диетата ветува дека иако можете да јадете сè што сакате, нема да си ги вратите килограмите ако и само ако еднаш неделно имате протеински ден (со мени како во првата фаза; на пример, во четврток), ако консумирате 3 лажици овесни снегулки дневно и ако секој ден пешачите 20 минути.

Времетраење: Цел живот

Препораки

• Дозволено е да користите оцет и зачини за да го подобрите вкусот на храната.
• Можете да користите гуми за џвакање без шеќер.
• Секојдневно земајте таблета мултивитамини со минерали.
• Консумирајте кафе и чај без шеќер.
• Не ја држете Дукановата диета ако имате здравствени проблеми.

Диета за брзо слабеење- 8 килограми за една недела

Ако ви е неопходно брзо слабеење, ова е вистинската диета за вас. Почитувајте ги овие правила и ќе ослабите 8 килограми за 7 дена.

Прво правило: Никогаш не прескокнувајте оброци за време на оваа седмица

Тоа што јадете еднаш дневно нема да ви помогне да изгубите килограми. Паузата помеѓу оброците не смее да биде подолга од 3 часа.

Второ правило: Не чекајте да прегладнете, јадете штом почувствувате глад

Експериментите докажале дека со овој план на исхрана може да се изгубат 5 до 8 килограми неделно. Но мора строго да се придржувате до упатствата!

Прв ден
Ова е најважниот ден во програмата. Првиот ден се јаде само овошје. Јадете какво овошје сакате, само немојте да јадете банани. Најдобро е да јадете што повеќе диња и лубеница. Не смеете да јадете зеленчук, ни жив, ни варен. Во текот на денот мора да испиете од 8 до 12 чаши вода. Ако сте гладни, слободно јадете уште овошје.

Втор ден
Овој ден посветете се на зеленчукот. Одберете го оној што го сакате. Може да го јадете жив или варен. Не смеете да додавате масло или сол. Само еднаш смеете да изедете порција варен компир. Неограничено може да јадете морков, брокули, краставица, тиква, зелена салата, зелка и домат. Нормално е вториот ден да имате некој вид дијареја, но немојте да се грижите – организмот се чисти. Не заборавајте да пиете 8 до 12 чаши вода.

Трет ден
Овој ден се комбинираат овошје и зеленчук. Смеете да јадете се’ од овошје и зеленчук, но заборавете на бананите и компирот. Важно е овошјето и зеленчукот да не ги јадете заедно. Направете шејк за појадок, сезонска салата за ручек и сечкано овошје за вечера. Не заборавајте да пиете вода.

Четврти ден
Ова е ден за банани и млеко. Може да јадете колку сакате, но нема да можете да изедете повеќе од 10 банани и 3 чаши млеко. Можеби мислите дека овој ден ќе гладувате, но верувајте дека нема да биде така. Испијте млеко за појадок, ручек и вечера, а помеѓу тоа јадете банани. Ви гарантираме дека нема да почувствувате глад. Пијте многу вода.

Петти ден
Ако обожавате домати, ова е ваш ден. За ручек изедете шолја варен ориз без зачини, а појадок и вечера вкупно 7 домати. Телото ќе ви произведе голема количина мочна киселина, па затоа мора да пиете многу вода. Денес задолжително испијте 12 до 15 чаши вода.

Шести ден
За ручек може да изедете шолја ориз. Остатокот од денот поминете го на зеленчук и овошје. Ќе видите дека телото ви е навикнато на мала количина на храна и нема да почувствувате потреба за јадење.

Седми ден
Последен ден од диетата. Имате право на мала чинија ориз и варен зеленчук. Денес немојте да јадете овошје во негов природен облик, туку цедете го како сок и пијте го.

По оваа диета ќе изгубите до осум килограми. Ваквиот план на исхрана може да го спроведувате само еднаш месечно.

Дознајте што се случува со вашето тело кога ќе изгубите само 5 проценти масно ткиво

е треба да изгубите многу килограми за да почувствувате позитивни промени на вашето здравје. Ако изгубите само неколку килограми, ќе почувствувате голема разлика.

Со губење на само 5 отсто од телесната тежина, телото забележува многу промени, што автоматски го поправа расположението и го олеснува секојдневниот живот. Ова значи дека некое лице, на пример, со 80 килограми мора да изгуби само 4 килограми за да се чувствува подобро и да ги намалат сите видови на здравствени проблеми.

Што точно се случува со нашето тело кога губиме 5 проценти масно ткиво, дознајте подолу.

Растоварување на зглобовите

Само 4,5 килограми вишок, става притисок од 18 килограми на долниот дел на грбот, колковите, колената и глуждовите. Овој дополнителен притисок брзо ја троши ‘рскавицата и зглобовите. Вишокот килограми може да предизвика воспаление на зглобовите, а со губењето на килограмите можете да избегнете оптоварување на зглобовите и артритисот во староста.

Спречување на дијабетес тип 2

Ако имате вишок тежина, губење на тежината е еден од двата начини како да спречите појава на дијабетес или да ја одложите. Друг начин е редовно и умерено вежбање, 5 дена во неделата по 30 минути. Ако веќе имате дијабетес, губење на тежината може да ви помогне да земате помалку лекови, да го намалите нивото на шеќер во крвта и да ја намалите веројатноста за појава на други здравствени проблеми.

Подолг и поквалитетен сон

Губењето на тежина автоматски го подобрува квалитетот на спиењето. Истражувањата покажаа дека луѓето кои загубиле 5% масно ткиво во просек спијат 21,6 минути подолго преку ноќ.

Намалување на лошиот (ЛДЛ) и покачување на добар (ХДЛ) холестерол

Со здрава исхрана и губење на тежината, можете да го намалите нивото на ЛДЛ холестерол. Исто така е важно да се зголеми нивото на ХДЛ холестеролот, кој го „брише” ЛДЛ од крвта, а можете да го зголемите вежбање и воведување на соодветни намирници во секојдневната исхрана, како што се, на пример, мелен лен. Зголемувањето на ХДЛ холестеролот ја намалува можноста за појава на срцеви заболувања.

Поретки воспаленија

Масните клетки, особено оние околу стомакот, можат да ослободат хемикалии кои иритираат и предизвикуваат воспаление на ткивото низ целото телото. Воспаленијата се поврзани со здравствени проблеми како што се артритис, срцев и мозочен удар.

Намалување на триглицеридите во крвта

Тоа се честички во телото што ги пренесуваат мастите за складирање и енергија. Високото ниво (над 200 mg / dL) може да значи поголема веројатност за срцев удар или мозочен удар. Со губење на килограми можете да ги регулирате нивоата на триглицериди во крвта и да го зачувате вашето здравје.

Намалување на висок крвен притисок

Зголемена телесна тежина влијае на структурата на артериските ѕидови, кои поради вишокот килограми се обложени со маснотии. Ова влијае на зголемување на крвниот притисок. Со губење на тежината можете да ги отстраните мастите од ѕидовите на артериите, што позитивно ќе влијае на крвниот притисок. Ако го намалите внесот на сол, го зголемите внесот на зеленчук, овошје и млечни производи со мала содржина на маснотии, сигурно ќе го намалите вашиот висок крвен притисок.

Помала шанса за рак

Вишокот килограми ја зголемува можноста за развој на рак на дојка, дебело црево, бубрезите, јајниците, грлото на матката и рак на простата. Не постои јасен доказ дека губењето на телесната тежина штити од оваа болест, но во телото на лице со вишок килограми се случуваат некои промени кои можат да предизвикаат појава на рак.

Престанување на апнеја при спиење

Луѓе со прекумерна телесната тежина со текот на време добиваат дополнително ткиво во задниот дел на грлото. За време на спиењето, телото се релаксира, а тоа дополнително ткиво може да се спушти и да го блокираат вашиот респираторен тракт. Ова може да предизвика интервали на престанување на дишењето, што може да го загрози здравјето на срцето и мозокот.

Подобро расположение

Губењето на тежината дефинитивно го подобрува расположението. Научниците се уште се обидуваат да ја разјаснат оваа врска, но сметаат дека поради губење на тежината, на расположението влијае подобриот сон и самодовербата. Истражувањата покажуваат дека луѓето можат да излезат од депресија ако изгубат најмалку 5% од телесната тежина.

Повеќе секс

Дебелите луѓе немаат голема желба за секс. Причината за ова е недостаток на самодоверба, лошо расположение, но исто така и дисбаланс на хормоните, кои обично ја поттикнуваат желбата за секс.