Највоздушестите палачинки: Се прават брзо и лесно, а може да останат во фрижидер до 4 дена

Јун 15, 2023 | Десерти

Кога е време за појадок или вечера, понекогаш ни е тешко да подготвиме нешто ново што е вкусно и пред се лесно и брзо се подготвува.

Токму такви се овие палачинки без капка млеко, кои ќе ги направите за пет минути.

Наместо млеко, се користи вода, а резултатот се највоздушните палачинки што ќе ги пробате.

Состојки:

  • 1 и 1/2 чаши вода
  • 1/2 чаша масло или 1/2 чаша стопен, топол путер
  • 2 големи јајца
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 2 1/4 чаши + 2 лажици брашно
  • 1/4 чаша шеќер
  • 3 лажици прашок за пециво
  • 1 лажичка сол

Подготовка:

Во поголем сад измешајте ги водата, маслото, јајцата и ванилата.
Потоа во среден сад измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво и солта.
Сувите состојки се додаваат на влажните и се меша додека не се добие хомогена смеса.
Не мешајте премногу или нема да биде воздушеста смесата.
Загрејте малку масло во тава и пржете ги палачинките додека не почнат да се појавуваат меурчиња под површината, за што ќе бидат потребни околу две до три минути.
Превртете ја палачинката и пржете уште 2-3 минути.
Послужете веднаш. Кога ќе се изладат, ставете ги во фрижидер каде што можете да ги чувате до 4 дена или да ги замрзнете (може да траат и до 3 месеци).

Три рецепти за здравo и густo веганско топлo чоколадo

Три рецепти за здравo и густo веганско топлo чоколадo

Ретко кој може да и одол Ретко кој може да и одолее на чоколадото,особено на омилениот пијалок,топлото чоколадо,кое толку убаво грее и теши кога надвор е студено и темно. Штом зимата тропне на врата и температурите нагло паднат,се отвора апетитот за мрсна и слатка...

Неодоливо вкусни, се топат во устата

Неодоливо вкусни, се топат во устата

Растопете го путерот. Изматете ги јајцата во сад, додадете шеќер, сол, путер и пирето од тиква. Изматете ја смесата со миксер. Измешајте брашно со прашок за пециво и додадете млеко. Ако смесата е премногу тенка или густа, по потреба можете да додадете уште малку...

НАЈЕДНОСТАВНИОТ РЕЦЕПТ ЗА АЛВА

НАЈЕДНОСТАВНИОТ РЕЦЕПТ ЗА АЛВА

Ова е десерт од памтивек кој и денес со задовоство се прави и јаде. Има повеќе рецепти за подоготвка на алва, но оригиналниот рецепт е токму и наједноставниот, онаков каков што го правеле нашите баби и прабаби. Еве што ви е потребно: ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се користи чаша...

ЈАБОЛКА ВО ЛИСНАТО ТЕСТО! Вкусно уживање кое се топи во устата

ЈАБОЛКА ВО ЛИСНАТО ТЕСТО! Вкусно уживање кое се топи во устата

Ако сакате јаболка, тогаш од ова овошје, кое се подготвува со лиснато тесто, можете да направите вкусен десерт. Состојки: 500 гр лиснато тесто 700 гр јаболка 80 гр суво грозје 50 гр ореви 10 гр шеќер 25 мл сок од лимон 10 гр ванилин-шеќер жолчка лажица шеќер...