Потребни состојки:
За тесто:
- 2 филџани бело брашно тип 400од
- 2 филџани шеќер
- 2 филџани масло за јадење
- 4 јајца
- 1 филџан млеко
- 2 филџани мелени ореви
- 1 ќесичка прашок за печиво
За фил:
- 200мл млеко
- 150г шеќер
- 100г чоколада
- Шлаг пена
Подготовка:
Јајцата и шеќерот се матат. Се додаваат останатите состојки по ред.
Изматената смеса се истура во подмачкан и побрашнет плех. Се пече на 220°С околу 25 минути.
По благо ладење од добиениот пандишпан со чаша се вадат парчиња во кружна форма, а тестото помеѓу нив се собира и се ситни со рака.
Млекото, шеќерот и чоколадата се варат додека смесата не се изедначи. Во неа се меша иситнетото тесто и се филуваат тортичките. Се украсува со шлаг пена.
Добар апетит!