потребни состојки:
1 обланда
1 кг варени, лупени и пасирани костени
150 гр маргарин
200 гр мед
50 мл млеко
100 гр маргарин
50 мл рум
100 гр чоколада за готвење.
Потребно време за подготовка: 30 минути.
Во сад за матење ги ставаме маргаринот и медот и матиме со миксер додека маргаринот не стане пенест. Ги додаваме костените и матиме со миксер додека смесата не се седини.
Обландата ја сечеме на половина. Едната половинка со шарената страна нагоре ја премачкуваме со фил. Врз другата половина обланда попрскуваме рум.
Втората обланда ја нанесуваме врз филот со мазната страна нагоре.
Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја ставаме да се растопи во тенџере на оган. Додаваме 50 мл млеко и 100 гр маргарин и мешаме со лажица. Откако преливот ќе ја добие потребната густина го нанесуваме врз обландата. Откако чоколадниот прелив ќе се стегне ја сечеме обландата на парчиња.
Обландите со костени ги редиме на чинија за сервирање и украсуваме по избор.
Добар апетит.