Чоколадна торта со костени и бадеми

Дек 20, 2018 | Десерти

Одличен предлог за торта за Новогодишната ноќ. Изненадете ги пријателите…

Потребно е:

  • 500 г мармалад од костени
  • 200 г млечно чоколадо
  • 200 г путер
  • 6 јајца
  • 100 г мелени бадеми
  • 3 лажици брашно

за глазурата:

  • 150 г црно чоколадо
  • 100 мл млечна слатка павлака (со мин. 30% масленост)
  • 1 лажиче путер

и уште:
малку кандирано овошје и чоколадо за декорација

Подготовка:
Подгответе го калапот за печење со дијаметар од 23 см. На дното ставете хартија за печење, а ѕидовите премачкајте ги со малку путер.

Путерот и чоколадото заедно растопете ги на пареа и оставете ги неколку минути да се изпадат.

Раздвоите ги белките и жолчките од јајцата. Белките со миксер изматете ги во густ шлаг.

Исто така и жолчките убаво изматете ги. Додадете ги растопеното чоколадо и путерот и на крај мармаладот од костени. Повторно убаво изматете.

Во таа смеса постепено додадете го шлагот од белки и полека мешајте со дрвена лажица.

Во смесата додадете ги мелените бадеми и брашното и измешајте. Смесата сипете ја во подготвениот калап

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 170 целзиусови степени околу 35 минути. Внимавајте да не ја препечете, затоа што тортата треба да биде сочна кога ќе се излади. Оставете потполно да се излади и извадете ја од калапот.

За глазурата, на пареа растопете ги чоколадото заедно со слатката павлака и путерот. Оставете малку да се излади и со ова премачкајте ја изладената торта.

Неодоливо слатко од миризливо и свежо овошје

Неодоливо слатко од миризливо и свежо овошје

Во тенџерето додадете скроб (нишесте), кој побрзо ќе го згусне. Ви предлагаме да ги искористите јагодите кои веќе може да ги купите и да направите домашно слатко од миризливо и свежо овошје. Ви пренесуваме малку поинаков рецепт од оној на кој сте навикнати. Во...

Американски крофни кои лесно се прават: Готови за само неколку минути со една машина

Американски крофни кои лесно се прават: Готови за само неколку минути со една машина

Јајцата со шеќер изматете ги со миксер. Додадете масло, ванилин шеќер, јогурт и прашок за пециво измешан со брашно. Комбинирајте сè заедно. Загрејте ја машината за крофни и истурете по 1 лажичка фил во секој калап. Затворете го уредот и печете додека не поруменат....

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Во сад ставете протеин по вкус, овесна каша, путер од кикирики и ситно сечкани чоколадни парченца. Мешајте ја смесата додека не стане хомогена, а по потреба додадете една лажица вода или млеко. Можете да декорирате со кокосови трошки или со нешто друго по желба....

Најбрзата чоколадна торта се подготвува многу лесно, а ќе ги освои сите ваши сетила

Најбрзата чоколадна торта се подготвува многу лесно, а ќе ги освои сите ваши сетила

Доколку сакате чо Доколку сакате чоколадни комбинации тогаш оваа торта ќе ги маѓепса сите ваши сетила. Овој рецепт за чоколадна торта со богат филм е нешто божествено, а нејзината подготовка е навистина брза. Состојки: 200 грама мелени бисквити; 200 грама чоколадо;...