Чизкејк со јаболка и прелив од карамела

Мај 15, 2019 | Десерти

Можете ли да замислите какво неверојатно слатко задоволство би можело да се добие доколку
се спојат состојки како карамела и чизкејк?
Потребна е најмалата ростер тава, односно тава со димензии 20*20.

Се загрева рерната на 180 степени.

состојки за основа

  • 150гр брашно
  • 115гр путер
  • 50гр кафен шеќер

состојки за чизкејк

  • 1 јајце
  • 100гр кафен шеќер
  • 250гр крем сир

состојки за јаболка

  • 2-3 средни излупени јаболка
  • 1/2лажиче цимет
  • 1/2лажиче морско оревче
  • 1-2лажици кафен шеќер
  • 4-5 капки сок од лимон

крамбл

  • 85гр кафен шеќер
  • 70гр брашно
  • 45гр овесни снегулки
  • 150гр путер

крем карамел

  • 100гр шеќер
  • 30мл вода
  • 60мл слатка павлака

    Во еден сад ги соединуваме брашното, путерот, шеќерот.Го замесуваме колку да добиеме
    изедначена смеса и оваа смеса ја плескаме со рацете во тавата.

Ставаме во рерна и нека се пече околу 15 минути.

За тоа време ги подготвуваме останатите состојки.

Во еден сад со миксер ги соединуваме крем сирењето, шеќерот, јајцето.
Сега во друг сад ги соединуваме излупените, исецкани јаболка, шеќерот, лимонот, зачините.
Промешуваме со лажица.

Во трет сад ги соединуваме сите состојки за крамбл, шеќерот, брашното, снегулките, путерот.
Со прстите формираме ронливо тесто.

Сега испечената основа ја вадиме од рерната.
Врз неа го нанесуваме кремот со крем сирење.

Врз него ги ставаме ароматичните парчиња јаболка и на крај одозгора крамбл.
Печиме уште 20-25 минути.
Или се додека не се одделат краевите од тавата.

За тоа време го спремаме крем карамелот.
Во касерола на тивок оган ги ставаме водата и шеќерот.
Кога шеќерот ќе добие златна боја ја додаваме слатката павлака и вариме 1-2 минути додека да се изедначи.

Извадениот колач од релната го оставаме малку да се подизлади, па сечеме парчиња , ги декорираме со крем карамел и послужуваме.

Додека е млак колачот има прекрасна крцкава основа и сочен горен дел.

Неодоливо слатко од миризливо и свежо овошје

Неодоливо слатко од миризливо и свежо овошје

Во тенџерето додадете скроб (нишесте), кој побрзо ќе го згусне. Ви предлагаме да ги искористите јагодите кои веќе може да ги купите и да направите домашно слатко од миризливо и свежо овошје. Ви пренесуваме малку поинаков рецепт од оној на кој сте навикнати. Во...

Американски крофни кои лесно се прават: Готови за само неколку минути со една машина

Американски крофни кои лесно се прават: Готови за само неколку минути со една машина

Јајцата со шеќер изматете ги со миксер. Додадете масло, ванилин шеќер, јогурт и прашок за пециво измешан со брашно. Комбинирајте сè заедно. Загрејте ја машината за крофни и истурете по 1 лажичка фил во секој калап. Затворете го уредот и печете додека не поруменат....

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Во сад ставете протеин по вкус, овесна каша, путер од кикирики и ситно сечкани чоколадни парченца. Мешајте ја смесата додека не стане хомогена, а по потреба додадете една лажица вода или млеко. Можете да декорирате со кокосови трошки или со нешто друго по желба....

Најбрзата чоколадна торта се подготвува многу лесно, а ќе ги освои сите ваши сетила

Најбрзата чоколадна торта се подготвува многу лесно, а ќе ги освои сите ваши сетила

Доколку сакате чо Доколку сакате чоколадни комбинации тогаш оваа торта ќе ги маѓепса сите ваши сетила. Овој рецепт за чоколадна торта со богат филм е нешто божествено, а нејзината подготовка е навистина брза. Состојки: 200 грама мелени бисквити; 200 грама чоколадо;...