Чизкејк со малини

Окт 10, 2018 | Десерти

Еден од омилените рецепти за чизкејк, кој овој пат е прилагоден за хроно исхраната. Па затоа во траен режим може да си дозволите ваков вид на ужина кога ќе ви се јаде торта.

Морам да нагласам дека воопшто не е благ, иако мое мислење е дека треба да се водите по рецептата, може да се додаде уште една или две лажици на агаве сируп во филот.

Друго што треба да се внимава е павлаката за матење да нема додаден шеќер и да нема растителни масти кои не се дозволени во хроно.

И на крај, уживајте во секое залче!

Рецепт

ЗА ОСНОВАТА

  • 3 Јајца
  • 60 грама Путер
  • 150 грама Чоколадо со 72% какао
  • 2 лажици Агаве сируп
  • 1 лажица Спелтино брашно

ЗА ФИЛОТ

  • 250 грама Маскарпоне
  • 500 грама Млечна неутрална павлака
  • 150 грама Чоколадо со 85% какао
  • 300 грама Малини
  • 1 лажица Агаве сируп

Инструкции за готвење

1 | Подготовка на колачот

Најпрвин на оган растопете го путерот заедно со чоколадото и оставете да се лади.

Јајцата се матат заедно со агаве сирупот исто како и за секоја торта. Понатаму мешате со лажица и првин го ставате брашното, па постепено мешате и го додавате путерот со чоколадото.

Во калап подмачкан со путер, ја истурате смесата и во загреана фурна на 180 степени и печете 45 минути.

2 | Подготовка на филот

Колачот треба да е скроз изладен пред да почнете со подготовка на филот.

Чоколадото најдобро е да го стопите на пареа или во микробранова печка и оставите да се излади малку исто како за колачот.

Слатката павлаката ја матите со миксер, но, не треба да е скроз цврста. На средина на матењето го додавате маскарпонето и агаве сирупот, па тогаш продолжувате да матите додека не добиете цврста смеса која не смее да има грутчиња.

Смесата ја делите на два дела. Во едниот го ставате расоптеното чоколадо и мешате убаво со лажица. Во другата смеса ги ставате малините и матите со миксер за да се иситнат подобро.

Колачот го вадите од калап и филувате првин со филот од чоколадо, па филот од малини.

Најдобро е тортата да стои во фрижидер барем 3 часа пред послужување.

 

На здравје!

Неодоливо слатко од миризливо и свежо овошје

Неодоливо слатко од миризливо и свежо овошје

Во тенџерето додадете скроб (нишесте), кој побрзо ќе го згусне. Ви предлагаме да ги искористите јагодите кои веќе може да ги купите и да направите домашно слатко од миризливо и свежо овошје. Ви пренесуваме малку поинаков рецепт од оној на кој сте навикнати. Во...

Американски крофни кои лесно се прават: Готови за само неколку минути со една машина

Американски крофни кои лесно се прават: Готови за само неколку минути со една машина

Јајцата со шеќер изматете ги со миксер. Додадете масло, ванилин шеќер, јогурт и прашок за пециво измешан со брашно. Комбинирајте сè заедно. Загрејте ја машината за крофни и истурете по 1 лажичка фил во секој калап. Затворете го уредот и печете додека не поруменат....

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Во сад ставете протеин по вкус, овесна каша, путер од кикирики и ситно сечкани чоколадни парченца. Мешајте ја смесата додека не стане хомогена, а по потреба додадете една лажица вода или млеко. Можете да декорирате со кокосови трошки или со нешто друго по желба....

Најбрзата чоколадна торта се подготвува многу лесно, а ќе ги освои сите ваши сетила

Најбрзата чоколадна торта се подготвува многу лесно, а ќе ги освои сите ваши сетила

Доколку сакате чо Доколку сакате чоколадни комбинации тогаш оваа торта ќе ги маѓепса сите ваши сетила. Овој рецепт за чоколадна торта со богат филм е нешто божествено, а нејзината подготовка е навистина брза. Состојки: 200 грама мелени бисквити; 200 грама чоколадо;...