Тројно уживање

Јул 23, 2019 | Десерти

Најубавиот колач во нова верзија.

Бисквит:

  • 6 лажици шеќер
  • 50 мл масло
  • 100 мл минерална вода
  • 4 лажици, печени, мелени лешници
  • 150 г брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво

Крем:

  • 600 мл млеко од соја или ориз (може и бадемово…)
  • 10 лажици шеќер
  • 2 кесички пудинг од ванила
  • малку арома од ванила
  • 200 г маргарин
  • 100 г посно чоколадо

Плус:

  • околу 200 г посни бисквити
  • малку млеко (оод горе споменатото) за натопување на бисквитите
  • малку арома од рум или ванила (по желба)

Глазура:

  • 100 г посно чоколадо
  • 3 лажици вода
  • 3 лажици шеќер
  • 50 г маргарин

Подготовка: 

Во сад за месење исејте го брашното со печивото, додајте ги мелените лешници, шеќер, масло и минерална вода.

Се’ убаво измешајте со лажица и истурете во плех (28х33 см) покриен со хартија за печење.

Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете додека не поцрвени.

Млекото направете го според упатството на кутијата.

Половина литар ставете да зоврие со шеќерот а во остатокот разматете го пудингот.

Кога млекото ќе зоврие тргнете го садот на страна, додајте го пудингот, убаво измешајте и вратете на рингла и варете уште околу 5 минути додека убаво не се згусти.

Филот поделете го на два дела.

Во еден додајте го искршеното чоколадо и мешајте додека не се истопи. Во вториот дел додајте малку арома од ванила и измешајте.

Двата крема покријте ги со прозирна фолија и оставете да се изладат.

Омекнатиот маргарин изматете го пенесто и во секоја половина од кремот додајте половина од маргаринот (кога кремот ќе биде ладен),

убаво изматете да добиете воздушеста смеса.Испеченото и изладено тесто намачкајте го со жолтиот фил,

израмнете па нанесете ги натопените бисквити, над нив нанесете го црниот крем, а на него глазурата од чоколадо.

Украсете по желба.

Магичен колач од само 2 состојки: Не може да биде поевтино, побрзо и повкусно

Магичен колач од само 2 состојки: Не може да биде поевтино, побрзо и повкусно

Чоколадна торта со само две состојки ќе ве воодушеви. Не бара многу време за подготовка, нема комплицирани состојки и се што ви треба е малку добра волја, чоколадо и јајца. Што се однесува до чоколадото, слободно изберете според ваш вкус. Никогаш побрзо и никогаш...

Десерт што ќе ви се допадне: Чоколаден чизкејк (РЕЦЕПТ)

Десерт што ќе ви се допадне: Чоколаден чизкејк (РЕЦЕПТ)

Едно парче нема да ви биде доволно СОСТОЈКИ: 300 гр мелени бисквити четири лажици путер лажица какао во прав две лажици мед ЗА ФИЛ: 700 гр маскарпоне сирење чаша слатка павлака чаша шеќер една лажичка скроб три поголеми јајца екстракт од ванила една лажица сок од...

Три рецепти за здравo и густo веганско топлo чоколадo

Три рецепти за здравo и густo веганско топлo чоколадo

Ретко кој може да и одол Ретко кој може да и одолее на чоколадото,особено на омилениот пијалок,топлото чоколадо,кое толку убаво грее и теши кога надвор е студено и темно. Штом зимата тропне на врата и температурите нагло паднат,се отвора апетитот за мрсна и слатка...

Неодоливо вкусни, се топат во устата

Неодоливо вкусни, се топат во устата

Растопете го путерот. Изматете ги јајцата во сад, додадете шеќер, сол, путер и пирето од тиква. Изматете ја смесата со миксер. Измешајте брашно со прашок за пециво и додадете млеко. Ако смесата е премногу тенка или густа, по потреба можете да додадете уште малку...