Сирење и чоколадо, иако за многумина се неспоива комбинација, заеднички сочинуваат совршен десерт кој без многу мака и за кратко време може да се подготви дома.
Состојки:
- 250 мл. шлаг
- 180 г. чоколаден прелив
- 220 г. сирење
- 3 лажици растопен путер
- 240 г. чоколадни бисквити
- сечкани кикирики
- чоколадо и вишни за украсување
Подготовка:
Измештајте ги бисквитите со растопениот путер и наредете ги на дното од калапот за торта. Измешајте го сирењето и чоколадниот прелив. Кога ќе добиете кремаста смеса, додајте го шлагот.Оваа смеса прелијте ја преку бискивите и путерот, прекријте ја со фолија и оставете во фрижидер најмалку два часа. Пред да послужите, украсете со парчиња чоколада и ореви.