Соленки од хељда

Окт 19, 2017 | Брза храна, Десерти

За сите хронери …

Потребно е:
250 гр брашно од хељда
125 гр омекнат путер
2 јајца
2 лажици вода
1 лажиче прашок за пециво
1/2 лажиче сол
1/2 лажиче бибер
1 лажиче куркума во прав

Подготовка:
– Во еден подлабок сад ставете ги јајцата и водата и изматете ги со маталка. Додадете ги брашното и останатите суви состојки и измешајте. Потоа додадете го омекнатиот путер и убаво измешајте со дрвена лажица. Ќе добиете лепливо тесто

– Тестото префрлете го во кеса за замрзнување и со раце распоредете го во кесата. Така тестото побрзо ќе се излади. Оставете го да стои во фрижидер најмалку 1 час.

– Извадете ја кесата од фрижидер и исечете ја од двете страни. Потоа тестото исечете го на ленти со широчина 1-1,5 см и тотоа секоја лента на половина.

– Работната површина малку посипете ја со брашно и секоја лента обликувајте ја како соленка.

– Наредете ги во тава обложена со хартија за печење и ставете да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени 15-18 минути.

Неодоливо слатко од миризливо и свежо овошје

Неодоливо слатко од миризливо и свежо овошје

Во тенџерето додадете скроб (нишесте), кој побрзо ќе го згусне. Ви предлагаме да ги искористите јагодите кои веќе може да ги купите и да направите домашно слатко од миризливо и свежо овошје. Ви пренесуваме малку поинаков рецепт од оној на кој сте навикнати. Во...

Американски крофни кои лесно се прават: Готови за само неколку минути со една машина

Американски крофни кои лесно се прават: Готови за само неколку минути со една машина

Јајцата со шеќер изматете ги со миксер. Додадете масло, ванилин шеќер, јогурт и прашок за пециво измешан со брашно. Комбинирајте сè заедно. Загрејте ја машината за крофни и истурете по 1 лажичка фил во секој калап. Затворете го уредот и печете додека не поруменат....

БРЗА ВЕЧЕРА КОЈА ЈА САКААТ СИТЕ: Подгответе шпагети со лук

БРЗА ВЕЧЕРА КОЈА ЈА САКААТ СИТЕ: Подгответе шпагети со лук

Лукот му дава на јадењето феноменален вкус, затоа направете незаборавни шпагети за кратко време. Состојки: * 250 гр шпагети * 100 мл крем за готвење * 1 литар вода * 8 чешниња лук * 3 лажици маслиново масло * сол, бибер * 100 гр рендан пармезан * малку свеж магдонос...

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Во сад ставете протеин по вкус, овесна каша, путер од кикирики и ситно сечкани чоколадни парченца. Мешајте ја смесата додека не стане хомогена, а по потреба додадете една лажица вода или млеко. Можете да декорирате со кокосови трошки или со нешто друго по желба....