Божиќната трпеза не може да се замисли без вкусни колачиња, а ние ви го предлагаме Ивлиновиот божиќен колач.
Потребно е:
- 250 грама бело суво грозје
- 250 грама крупно сечкани ореви
- 180 грама брашно
- Половина лажиче сол
- 250 грама путер
- 200 грама шеќер
- 3 јајца (одделени жолчките од белките)
- Неколку капки сок од лимон
- Половина лажиче сода бикарбона
- Половина лажица топла вода
- 30 мл рум, бурбон или коњак
Подготовка
Загрејте ја рерната на 120 степени. Намачкајте ги со путер и попрскајте ги со брашно дното и страните на метален сад за печење.
Во длабок сад измешајте ги заедно брашното, сувото грозје, оревите и солта.
Во топлата вода растворете ја содата бикарбона.
Во посебен сад матете ги путерот и шеќерот додека да добиете кремаста маса, па додадете ги жолчките една по една. Овој крем додавајте го на мешавината од брашното заедно со растопената сода.
Во посебен сад изматете ги белките со неколку капки лимонов сок, во цврст снег. Снегот многу внимателно, лажица по лажица, вмешајте го во претходната мешавина со жолчките.
На крајот додајте го алкохолот.
Колачот печете го околу два часа.