Рецепт со кој ќе ја засакате овесната каша!

Ное 2, 2017 | Диети

Честопати во пракса се среќавам со луѓе кои имаат одбивост кон овесните снегулки и нивно конзумирање.

Но, овесот е инзвонредно здрава житарица, богата со протеини и витамини од Б комплексот, може да се приготвува во разни варијанти и нема да ве остави гладни до следниот оброк!

Ескпериментирајќи со овесните снегулки, дојдов до заклучок дека не секој ги сака потопени во јогурт, па затоа го смислив овој рецепт со кој овесната каша добива една поинаква димензија.

Потребни состојки:

  • 4-5 лажици овесни снегулки (обични, без додаден шеќер, овошје и јатки)
  • 200мл топло млеко (може и растително)
  • 1 банана
  • 1 лажица какао
  • 2 лажици лешници
  • малку цимет
  • 1 лажица мед

Начин на подготовка:

Во подлабока чинија ставете 4-5 лажици овесни снегулки и потопете ги со загреаното млеко. Оставете ги 15-тина минути, за да ја упијат течноста, набабрат и омекнат.

Откако ќе омекнат, префрлете ги во блендер, а потоа додајте ја бананата и лешниците и блендирајте додека не се добие мазна структура. Потоа додатете какао, мед и цимет и повторно блендирајте.

Вака подготвената овесна каша има структура на пудинг, сладок вкус и арома на цимет.
Декорирајте со парчиња овошје и јаткасти плодови, или сервирајте во чаши за вашите гости и препуштете му се на уживањето!

Сите пијат вода со лимон, но ова овошје е едноставно „магично“ – еве како да си направите енергетски еликсир

Сите пијат вода со лимон, но ова овошје е едноставно „магично“ – еве како да си направите енергетски еликсир

Истражувањата покажуваат дека сувото грозје е корисно и за крвниот притисок и за кардиоваскуларното здравје. Во народната медицина постојат различни природни пијалоци кои благотворно делуваат на организмот. Често слушаме за тоа колку е добро водата да се пие со лимон,...

Зеленчук делотворен при слабеење

Зеленчук делотворен при слабеење

Следат шест од најпогодните зеленчукови плодови коишто стручњаците ги препорачуваат во исхраната кога главната цел е губење тежина. Зеленчукот е богат со витамини и минерали, а обично содржи и влакна што помагаат човекот подолго да се чувствува сит. Дополнително,...

Често го јадете на диета, а најмногу ДЕБЕЛЕЕ: Овој зеленчук ви е НАЈГОЛЕМ НЕПРИЈАТЕЛ ако сакате да ослабнете!

Често го јадете на диета, а најмногу ДЕБЕЛЕЕ: Овој зеленчук ви е НАЈГОЛЕМ НЕПРИЈАТЕЛ ако сакате да ослабнете!

Кога држат диета, повеќето луѓе се откажуваат од бело брашно или месни производи. Сепак, научниците откриле дека има зеленчук и житарки, за кои обично се верува дека помагаат за слабеење, а кои поради некоја причина доведуваат до обратното. Истражувањето траело 20...

Не е важно ШТО јадете, туку КОГА јадете

Не е важно ШТО јадете, туку КОГА јадете

Пред следниот оброк проверете колку е часот! Внимавајте кога јадете и може да ослабнете и до 2.5 колограми за само пет дена, тврдат стручњаците. Во оваа диета нема никаква забрана во поглед на тоа кои намирници јадете, туку во поглед на времето кога јадете. Овој начин...