Зеленчук делотворен при слабеење

Дек 1, 2023 | Диети

Следат шест од најпогодните зеленчукови плодови коишто стручњаците ги препорачуваат во исхраната кога главната цел е губење тежина.

Зеленчукот е богат со витамини и минерали, а обично содржи и влакна што помагаат човекот подолго да се чувствува сит. Дополнително, зелениот зеленчук е нискокалоричен, што го прави и делотворен при слабеење. Следат шест од најпогодните зеленчукови плодови коишто стручњаците ги препорачуваат во исхраната кога главната цел е губење тежина.

Спанаќ

Ова е зеленчук во којшто се ужива на повеќе различни начини. Спанаќот има поблаг вкус и затоа може да се комбинира во различни оброци, а покрај тоа, доста е и хранлив, со 23 калории на 100 грама.

Брокула

И таа помага за подолга ситост. Се додава во чорби, а одлично оди и со ориз и тестенини. Свежата брокула има околу 35 калории на 100 грама.

Карфиол

Поради својот вкус, карфиолот е секогаш присутен во традиционалната здрава исхрана. Може да се додаде и на пица, а според готварските стручњаци – и како состојка во некои колачи. Карфиолот има 25 калории на 100 грама.

Грашок

Најчесто се наоѓа во разни манџи или чорби, а го има и во оброци со тестенини или ориз. Содржи околу 85 калории на 100 грама, а има и повеќе од пет грама растителни протеини, корисни за органите за варење. Протеините се корисни за слабеење бидејќи бараат и црпат повеќе енергија од метаболизмот и ги покачуваат хормоните за ситост.

Прокељ

Иако ова зелје обично не е меѓу омилените видови зеленчук, доколку се зготви правилно може да биде вкусен додаток во многу различни јадења. Содржи 43 калории и околу четири грама влакна на 100 грама прокељ.

Сите пијат вода со лимон, но ова овошје е едноставно „магично“ – еве како да си направите енергетски еликсир

Сите пијат вода со лимон, но ова овошје е едноставно „магично“ – еве како да си направите енергетски еликсир

Истражувањата покажуваат дека сувото грозје е корисно и за крвниот притисок и за кардиоваскуларното здравје. Во народната медицина постојат различни природни пијалоци кои благотворно делуваат на организмот. Често слушаме за тоа колку е добро водата да се пие со лимон,...

Често го јадете на диета, а најмногу ДЕБЕЛЕЕ: Овој зеленчук ви е НАЈГОЛЕМ НЕПРИЈАТЕЛ ако сакате да ослабнете!

Често го јадете на диета, а најмногу ДЕБЕЛЕЕ: Овој зеленчук ви е НАЈГОЛЕМ НЕПРИЈАТЕЛ ако сакате да ослабнете!

Кога држат диета, повеќето луѓе се откажуваат од бело брашно или месни производи. Сепак, научниците откриле дека има зеленчук и житарки, за кои обично се верува дека помагаат за слабеење, а кои поради некоја причина доведуваат до обратното. Истражувањето траело 20...

Не е важно ШТО јадете, туку КОГА јадете

Не е важно ШТО јадете, туку КОГА јадете

Пред следниот оброк проверете колку е часот! Внимавајте кога јадете и може да ослабнете и до 2.5 колограми за само пет дена, тврдат стручњаците. Во оваа диета нема никаква забрана во поглед на тоа кои намирници јадете, туку во поглед на времето кога јадете. Овој начин...

Колку повеќе ја јадете, толку полесно слабеете- храна со негативни калории

Колку повеќе ја јадете, толку полесно слабеете- храна со негативни калории

До сега сигурно верувавте дека само со избегнување на одредена храна ќе ослабете, без да сте запознаени со намирниците кои имаат негативни калории. Што всушност претставува негативниот калориски баланс? Одговорот е едноставен – се работи за намирници кои на телото му...