За крајот на годината решивме да ја споиме омилената торта и коктел во еден незаборавен десерт и со него да „наздравиме“ на 2019 година!
Состојки:
- 200 грама мелена плазма
- 100 грама путер
- 500 грама маскарпоне
- 25 грама шеќер во прав
- 50 мл. џин
- 1 лажиче исцеден сок од лимон или лимета
- кора од лимон или лимета
- 100 грама бело чоколадо
- 300 мл. блага павлака (шлаг)
Подготовка:
Измешајте ја плазмата со растопениот путер. Оваа смеса натапкајте ја во калап за торта и ставете ја во фрижидер да се стегне.
Измештајте го маскарпонето, шеќерот, џинот, исцедениот сок и кората од лимон или лимета.
На пареа стопете го белото чоколадо и потоа оставете го две минути да се олади пред да го додадете во сметата со маскарпоне.
Во посебен сад изматете шлаг и потоа додадете го во сместата од сирење и чоколадо.
Оваа смеса прелијте ја преку тестото од плазма и путер и вратете ја тортата во фрижидер најмалку шест часа, а идеално би било да остане преку цела ноќ.
Послужете со омилениот коктел.