Состојки:
- 2 дл. млеко
- 2 дл. вода
- 1 квасец
- 1 мала лажичка шеќер
- 1 мала лажичка сол
- 2 дл. јогурт
- 1 дл. зејтин
- 900 гр. бело брашно
- 2 жолчки од јајце
- 1 маргарин
- еурокрем
- чоколадо
Подготовка:
Направете смеса од вода, млеко, шеќер и квасец. Кога ќе надојде квасецот, замесете тесто со 900 грама бело брашно, зејтин, јајца, сол, јогурт.
Тестото треба да биде меко.
Поделете го во осум парчиња и оставете го да постои 5 минути. Парчињата тесто поединечно измазнете ги со сукало и премачкајте ги со маргарин.
Редете ги парчињата едно врз друго, а најгоре ставете го она ненамачканото. Направете голем круг.
Поделете го на триаголници, ставете еурокрем и завивајте ги корите во кифли.
Намачкајте ги со жолчката и оставете ги да стојат еден час на ладно.
Печете ги во загреана рерна околу 20 тина минути.
Кога ќе се оладат натопете ги во топло чоколадо.
Добар апетит!