Посна штрудла

Апр 4, 2018 | Десерти

Едноставно се подготвува, а е идеален десерт за деновите на пост. Ќе уживате во секој залак на овој вкусен десерт.

СОСТОЈКИ:

1 кг брашно

1 квасец

џем или фил кој го сакате

1 ванилин шеќер

1 лажичка сол

Мала лажичка прашок за печиво

1 лимон

вода

шеќер во прав

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во шолја за чај раматете квасец со млака вода и оставете го половина час да отстои. Во чинија ставете брашно, сол, прашок за печиво, ванилин шеќер, па изрендајте кора од лимон, исцедете го сокот од лимон и прелијте со разматен квасец. Додајте вода по потреба, замесете тесто да не биде меко, така што нема да се лепи за раце. Оставете го тестото околу 1 час да надојде.
Поделете го тестото на 3 или 4 дела, развлечете го секој дел со сукало и филувајте го со џем.

Свиткајте го тестото во штрудла и ставете во плех обложен со хартија за печење. Пред ставање во рерна штрудлите пропрскајте ги со млака вода и печете во загреана рерна 20-25 минути.

Испечената штрудла пропрскајте ја со вода, прекријте со чиста крпа 10 минути да отстои, исечете на парчиња, редете на тацна и по желба посипете со шеќер во прав.

Магичен колач од само 2 состојки: Не може да биде поевтино, побрзо и повкусно

Магичен колач од само 2 состојки: Не може да биде поевтино, побрзо и повкусно

Чоколадна торта со само две состојки ќе ве воодушеви. Не бара многу време за подготовка, нема комплицирани состојки и се што ви треба е малку добра волја, чоколадо и јајца. Што се однесува до чоколадото, слободно изберете според ваш вкус. Никогаш побрзо и никогаш...

Десерт што ќе ви се допадне: Чоколаден чизкејк (РЕЦЕПТ)

Десерт што ќе ви се допадне: Чоколаден чизкејк (РЕЦЕПТ)

Едно парче нема да ви биде доволно СОСТОЈКИ: 300 гр мелени бисквити четири лажици путер лажица какао во прав две лажици мед ЗА ФИЛ: 700 гр маскарпоне сирење чаша слатка павлака чаша шеќер една лажичка скроб три поголеми јајца екстракт од ванила една лажица сок од...

Три рецепти за здравo и густo веганско топлo чоколадo

Три рецепти за здравo и густo веганско топлo чоколадo

Ретко кој може да и одол Ретко кој може да и одолее на чоколадото,особено на омилениот пијалок,топлото чоколадо,кое толку убаво грее и теши кога надвор е студено и темно. Штом зимата тропне на врата и температурите нагло паднат,се отвора апетитот за мрсна и слатка...

Неодоливо вкусни, се топат во устата

Неодоливо вкусни, се топат во устата

Растопете го путерот. Изматете ги јајцата во сад, додадете шеќер, сол, путер и пирето од тиква. Изматете ја смесата со миксер. Измешајте брашно со прашок за пециво и додадете млеко. Ако смесата е премногу тенка или густа, по потреба можете да додадете уште малку...