Омилена торта на кралското семејство

Мар 25, 2019 | Десерти, Диети

Чоколадната торта има многу малку состојки и не се пече, што ја прави одличен избор за оние кои не се снаоѓаат најдобро во кујната.

Оваа едноставна но „бомба“ торта е омилен десерт на принцот Вилијам и неговата баба, кралицата Елизабета.

Британската кралица,открива кралскиот „шеф“ и бивш личен готвач на Елизабета II, Дарен МекГрејди,

го обожува овој десерт, а тоа е воедно и најмил колач на нејзиниот внук, принцот Вилијам.

Потребни состојки:

  • 120 г путер
  • 120 г шеќер
  • 120 г црно чоколадо
  • 1 јајце
  • 220 г. бисквити

Глазура; 240 г чоколадо

Подготовка: калапот за торта со обем од 20. сантиметри намачкајте го со путер.

Бисквитите рачно искршете ги да бидат со големина на бадем, отприлика.
Во поголем сад путерот изматете го заедно со шеќерот додека не добиете еднолична пенеста смеса.

На пареа истопете 120 г. чоколадо и додајте во смесата со путер, со постојано мешање

. Потоа додајте 1 јајце и се’ заедно изматете, убаво да се поврзе.

Во чоколадната смеса додајте ги парчињата бисквити, измешајте и префрлете во калапот.

Израмнете и префрлете, барем на три часа, во фрижидер.

Во меѓувреме истопете го чоколадото за глазура и намачкајте на превртениот колач.

Тортата оставете ја на собна температура додека глазурата не се излади и стегне.

Неодоливо слатко од миризливо и свежо овошје

Неодоливо слатко од миризливо и свежо овошје

Во тенџерето додадете скроб (нишесте), кој побрзо ќе го згусне. Ви предлагаме да ги искористите јагодите кои веќе може да ги купите и да направите домашно слатко од миризливо и свежо овошје. Ви пренесуваме малку поинаков рецепт од оној на кој сте навикнати. Во...

Американски крофни кои лесно се прават: Готови за само неколку минути со една машина

Американски крофни кои лесно се прават: Готови за само неколку минути со една машина

Јајцата со шеќер изматете ги со миксер. Додадете масло, ванилин шеќер, јогурт и прашок за пециво измешан со брашно. Комбинирајте сè заедно. Загрејте ја машината за крофни и истурете по 1 лажичка фил во секој калап. Затворете го уредот и печете додека не поруменат....

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Во сад ставете протеин по вкус, овесна каша, путер од кикирики и ситно сечкани чоколадни парченца. Мешајте ја смесата додека не стане хомогена, а по потреба додадете една лажица вода или млеко. Можете да декорирате со кокосови трошки или со нешто друго по желба....

Најбрзата чоколадна торта се подготвува многу лесно, а ќе ги освои сите ваши сетила

Најбрзата чоколадна торта се подготвува многу лесно, а ќе ги освои сите ваши сетила

Доколку сакате чо Доколку сакате чоколадни комбинации тогаш оваа торта ќе ги маѓепса сите ваши сетила. Овој рецепт за чоколадна торта со богат филм е нешто божествено, а нејзината подготовка е навистина брза. Состојки: 200 грама мелени бисквити; 200 грама чоколадо;...