Не ви успева првата палачинка? Неколку трикови како да си помогнете во тоа

Фев 11, 2020 | Десерти

Со оглед на тоа дека и кулинарските експерти велат дека првата палачинка ретко успева,како тогаш аматерите би можеле да го избегнат овој проблем?

Секако, најлесно е да се помириме со фактот дека првата палачинка едноставно ќе биде „збрчкана“ и изеден попатно додека се печат другите. Од друга страна, постојат и неколку трикови што би можеле да помогнат тоа да не се ни случи.
Британската кулинарка, Хенриета Инман, специјализирана за десерти, вели дека не е запознаена со физиката што го објаснува целиот процес, но знае дека тајната е во добро измешаната смеса, тавата што се навикнала на таа смеса и доброто загревање.
Смесата не треба предолго да се меша, но сите состојки мора да бидат соединети. Секогаш користете иста тава за пржење или печење палачинки, загрејте ја добро и почнете – изјавила Хенриета Инман за „Гардијан“.
Угостителот и критичар Бил Грејнџер вели дека тестото од палачинки не треба да се меша премногу.
Ако и остане грутка брашно во смесата, не паничете, тоа е добар знак. Палачинката ќе биде понежна, нема да биде гумена – објаснува тој.
Исто така, препорачливо е смесата да отстои извесно време пред пржењето. Оставете да се одмори околу дваесет минути, глутенот да се опушти. Колку подолго ја мешате смесата, толку подолго треба да отстои.
Секако, голема улога игра и тавата.
Ставете ја тавата на умерено висока топлина за да се загрее пред да додадете масло. Нека тавата добро и рамномерно се загрее. Покријте ја целата површина со масло, а потоа извадете го вишокот со салфета, но не премногу. Маснотија мора да има. Во рестораните тавите толку многу се користат така што секогаш се добро подмачкани, а тоа честопати не е случај дома, вели Грејнџер.
Пржењето на палачинки е на крајот, како и сè друго, вештина која треба да ја вежбате.
Тоа е прашање на пракса и неколку неуспешни обиди. Тоа им се случува на сите и се нарекува искуство, напоменува Хенриета Инман.
Извор: kurir.mk

Неодоливо слатко од миризливо и свежо овошје

Неодоливо слатко од миризливо и свежо овошје

Во тенџерето додадете скроб (нишесте), кој побрзо ќе го згусне. Ви предлагаме да ги искористите јагодите кои веќе може да ги купите и да направите домашно слатко од миризливо и свежо овошје. Ви пренесуваме малку поинаков рецепт од оној на кој сте навикнати. Во...

Американски крофни кои лесно се прават: Готови за само неколку минути со една машина

Американски крофни кои лесно се прават: Готови за само неколку минути со една машина

Јајцата со шеќер изматете ги со миксер. Додадете масло, ванилин шеќер, јогурт и прашок за пециво измешан со брашно. Комбинирајте сè заедно. Загрејте ја машината за крофни и истурете по 1 лажичка фил во секој калап. Затворете го уредот и печете додека не поруменат....

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Во сад ставете протеин по вкус, овесна каша, путер од кикирики и ситно сечкани чоколадни парченца. Мешајте ја смесата додека не стане хомогена, а по потреба додадете една лажица вода или млеко. Можете да декорирате со кокосови трошки или со нешто друго по желба....

Најбрзата чоколадна торта се подготвува многу лесно, а ќе ги освои сите ваши сетила

Најбрзата чоколадна торта се подготвува многу лесно, а ќе ги освои сите ваши сетила

Доколку сакате чо Доколку сакате чоколадни комбинации тогаш оваа торта ќе ги маѓепса сите ваши сетила. Овој рецепт за чоколадна торта со богат филм е нешто божествено, а нејзината подготовка е навистина брза. Состојки: 200 грама мелени бисквити; 200 грама чоколадо;...