МЕДЕЊАЦИ

Дек 14, 2017 | Десерти

Состојки:

  • 1kg остро брашно
  • 250g путер
  • 550g мелени ореви
  • 550g ливадски мед
  • 250g шеќер
  • 2 јајца
  • 20g цимет (2,3 лажички)
  • 20g карамфилче (2,3 лажички)

Начин на подготовка: 

Сите горенаведени состојки ставете ги во пластичен сад и мешајте ги се додека не добиете хомогенa смеса.

Ако семсата ви пука, не грижете се, тоа е таков вид на тесто и така треба да биде.

Кога се е добро замесено и кога ќе добиете еднолична смеса, расукајте го тестото со дебелина од половина центиметар, а потоа исечете колачиња во облик на круг (или во некоја друга форма по желба).

Загрејте ја рерната на 180ºC и печете отприлика 10 минути.

Кога се е готово, оставете ги колачињата добро да се оладат и послужете ги со кафе или чај. Тие се одличен подарок на драгите личности, или како десерт за добредојде.

Магичен колач од само 2 состојки: Не може да биде поевтино, побрзо и повкусно

Магичен колач од само 2 состојки: Не може да биде поевтино, побрзо и повкусно

Чоколадна торта со само две состојки ќе ве воодушеви. Не бара многу време за подготовка, нема комплицирани состојки и се што ви треба е малку добра волја, чоколадо и јајца. Што се однесува до чоколадото, слободно изберете според ваш вкус. Никогаш побрзо и никогаш...

Десерт што ќе ви се допадне: Чоколаден чизкејк (РЕЦЕПТ)

Десерт што ќе ви се допадне: Чоколаден чизкејк (РЕЦЕПТ)

Едно парче нема да ви биде доволно СОСТОЈКИ: 300 гр мелени бисквити четири лажици путер лажица какао во прав две лажици мед ЗА ФИЛ: 700 гр маскарпоне сирење чаша слатка павлака чаша шеќер една лажичка скроб три поголеми јајца екстракт од ванила една лажица сок од...

Три рецепти за здравo и густo веганско топлo чоколадo

Три рецепти за здравo и густo веганско топлo чоколадo

Ретко кој може да и одол Ретко кој може да и одолее на чоколадото,особено на омилениот пијалок,топлото чоколадо,кое толку убаво грее и теши кога надвор е студено и темно. Штом зимата тропне на врата и температурите нагло паднат,се отвора апетитот за мрсна и слатка...

Неодоливо вкусни, се топат во устата

Неодоливо вкусни, се топат во устата

Растопете го путерот. Изматете ги јајцата во сад, додадете шеќер, сол, путер и пирето од тиква. Изматете ја смесата со миксер. Измешајте брашно со прашок за пециво и додадете млеко. Ако смесата е премногу тенка или густа, по потреба можете да додадете уште малку...