Медени срца

Јул 27, 2019 | Десерти

Состојки:

За тесто:

  • 500г Екстра бело брашно тип 400
  • 250г мед
  • 100г шеќер
  • 150г маргарин
  • 1 јајце
  • 10г какао
  • 2 мали лажички цимет
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 100г ситно сечкани бадеми

За филување:

  • 2 пудинга од ванила
  • ½ л млеко

Подготовка:

Медот, шеќерот и маргаринот се загреваат на средна температура се додека целосно не се стопат.

Се остава смесата да се излади. Брашното се меша со останатите состојки и со изладената смеса од маргарин, мед и шеќер.

Тестото  добро се изедначува и се остава покриено 3 часа. Потоа се развива кора со дебелина од 1,5cm и од неа со калап се вадат срца кои се редат во плех.

Се печат на 180°С околу 15 минути. Срцата се лепат едно со друго со предходно подготвен и оладен пудинг од ванила.

Добар апетит!

Неодоливо слатко од миризливо и свежо овошје

Неодоливо слатко од миризливо и свежо овошје

Во тенџерето додадете скроб (нишесте), кој побрзо ќе го згусне. Ви предлагаме да ги искористите јагодите кои веќе може да ги купите и да направите домашно слатко од миризливо и свежо овошје. Ви пренесуваме малку поинаков рецепт од оној на кој сте навикнати. Во...

Американски крофни кои лесно се прават: Готови за само неколку минути со една машина

Американски крофни кои лесно се прават: Готови за само неколку минути со една машина

Јајцата со шеќер изматете ги со миксер. Додадете масло, ванилин шеќер, јогурт и прашок за пециво измешан со брашно. Комбинирајте сè заедно. Загрејте ја машината за крофни и истурете по 1 лажичка фил во секој калап. Затворете го уредот и печете додека не поруменат....

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Во сад ставете протеин по вкус, овесна каша, путер од кикирики и ситно сечкани чоколадни парченца. Мешајте ја смесата додека не стане хомогена, а по потреба додадете една лажица вода или млеко. Можете да декорирате со кокосови трошки или со нешто друго по желба....

Најбрзата чоколадна торта се подготвува многу лесно, а ќе ги освои сите ваши сетила

Најбрзата чоколадна торта се подготвува многу лесно, а ќе ги освои сите ваши сетила

Доколку сакате чо Доколку сакате чоколадни комбинации тогаш оваа торта ќе ги маѓепса сите ваши сетила. Овој рецепт за чоколадна торта со богат филм е нешто божествено, а нејзината подготовка е навистина брза. Состојки: 200 грама мелени бисквити; 200 грама чоколадо;...