Медени вафли – неодолива ужина за целото семејство

Мар 17, 2019 | Десерти

Состојки:

  • 40гр шеќер
  • 550гр  бело брашно
  • 300гр вода
  • 1 лажичка мед
  • 5 јајца
  • 300гр растопен путер
  • 1 ванила

Подготовка:

Разделете ги белките од жолчките во два одделни сада.
Во еден сад изматете ги белките со половина шеќер. Матете додека добиете „снег“ смеса.
Во друг сад изматете ги жолчките со останатиот шеќер. На крај  додадете го растопениот путер.

Продолжете да матите додека не добиете  кремаста смеса, а пота малку по малку  додавајте вода.
Добиената смеса измешајте ја со изматените белки, и продолжете со миксирање, но со пониски вртежи.
Промешајте го брашното заедно со ванилата, додадете го во смесата и повторно добро мешајте.

На крај, додадете го медот.Добиената готова смеса треба да биде со густина на боза, за да може полесно да се истури во тавата за печење.
Печете ги вафлите во силно загреана и малку подмачкана тава.
Гарнирајте по желба.

Добар апетит!

Неодоливо слатко од миризливо и свежо овошје

Неодоливо слатко од миризливо и свежо овошје

Во тенџерето додадете скроб (нишесте), кој побрзо ќе го згусне. Ви предлагаме да ги искористите јагодите кои веќе може да ги купите и да направите домашно слатко од миризливо и свежо овошје. Ви пренесуваме малку поинаков рецепт од оној на кој сте навикнати. Во...

Американски крофни кои лесно се прават: Готови за само неколку минути со една машина

Американски крофни кои лесно се прават: Готови за само неколку минути со една машина

Јајцата со шеќер изматете ги со миксер. Додадете масло, ванилин шеќер, јогурт и прашок за пециво измешан со брашно. Комбинирајте сè заедно. Загрејте ја машината за крофни и истурете по 1 лажичка фил во секој калап. Затворете го уредот и печете додека не поруменат....

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Во сад ставете протеин по вкус, овесна каша, путер од кикирики и ситно сечкани чоколадни парченца. Мешајте ја смесата додека не стане хомогена, а по потреба додадете една лажица вода или млеко. Можете да декорирате со кокосови трошки или со нешто друго по желба....

Најбрзата чоколадна торта се подготвува многу лесно, а ќе ги освои сите ваши сетила

Најбрзата чоколадна торта се подготвува многу лесно, а ќе ги освои сите ваши сетила

Доколку сакате чо Доколку сакате чоколадни комбинации тогаш оваа торта ќе ги маѓепса сите ваши сетила. Овој рецепт за чоколадна торта со богат филм е нешто божествено, а нејзината подготовка е навистина брза. Состојки: 200 грама мелени бисквити; 200 грама чоколадо;...