Оваа торта се подготвува брзо и лесно, вкусна е, здрава и погодна за дијабетичари и оние кои се на безглутенска исхрана.
Состојки:
- 1 шолја од 250 ml ореви
- 1 шолја овошје (најдобро ситно шумско овошје, од типот на капини, малини, рибизли)
- 1 лажичка печиво
- 3 јајца
- Малку јаворов сируп по желба
Подготовка:
Во сецко ставете ги оревите додека не се сомелат како фино брашно.
Додадете ги јајцата и пецивото и изматете ја смесата.Префрлете ја смесата во кружно тавче обложено со хартија за печење и додадете го овошјето врз смесата.
По желба додадете малку јаворов сируп доколку сакате поблаг вкус.
Печете во загреана рерна 30 минути на 180°C.