Листа на најздрави салати

Авг 8, 2019 | Здрава храна, Салати

Салатите се многу здрав оброк, но дали знаевте дека некои се сепак подобри за вашиот организам од другите благодарение на нутриентите кои ги содржат.

Зависно од количината на здрави состојки како, на пример, влакна, протеини, калциум, железо, рибофлавин, витамини или цинк,

одредени видови салати се сепак попожелни на секојдневното мени од другите.

Поточарка. Поточарката има неверојатни 106 отсто од дневно препорачаната доза на витамин К, 22 отсто витамин А и 24 отсто витамин Ц. Исто така, содржи калциум, железо и магнезиум.

Спанаќ. Спанаќот е вистинска ризница на здрави состојки како витамини К и А, но и манган и фолна киселина.

Цикорија. Листовите на цикорија се преполни со многу здрави состојки како тиамин, ниацин и цинк.

Салата путерка. Оваа вкусна салата содржи многу калиум и витамини А и К.

Римска салата. Оваа салата има солидна количина витамини К и А, како и фолати.

Кељ. Една порција ги задоволува сите ваши дневни потреби за витамини А, Ц и К.

Освен тоа, има и три грама протеини за подигање на енергијата.

Рукола. Оваа салата содржи вредност од фитохемикалии кои можат да спречат развој на одредени видови на рак.

Зелена салата. Оваа салата не е баш на најдобар глас.

Иако се наоѓа на последното, осмо место на оваа листа, сепак содржи влакна, калиум, цинк, калциум, фолати, како и витамини А и К.

Освен тоа, има висока содржина на вода што е секогаш добро.

Колку навистина шеќер има во една банана?!

Колку навистина шеќер има во една банана?!

Со порастот на диетите со малку јаглехидрати во последниве години, често се слуша препораката дека кога јадете овошје, треба да избегнувате банани бидејќи „имаат премногу шеќер“. Со порастот на диетите со малку јаглехидрати во последниве години, често се слуша...

Здрави енергетски бомбици без шеќер и брашно готови за пет минути

Здрави енергетски бомбици без шеќер и брашно готови за пет минути

Слатките не мора секогаш да бидат нездрави и полни со шеќер и брашно. Од неколку состојки можете да направите хранливи енергетски бомбици, а потребни се само пет минути. Една од главните состојки се урмите, кои се многу здрави и пожелни во исхраната. Состојки: 200...

Сите пијат вода со лимон, но ова овошје е едноставно „магично“ – еве како да си направите енергетски еликсир

Сите пијат вода со лимон, но ова овошје е едноставно „магично“ – еве како да си направите енергетски еликсир

Истражувањата покажуваат дека сувото грозје е корисно и за крвниот притисок и за кардиоваскуларното здравје. Во народната медицина постојат различни природни пијалоци кои благотворно делуваат на организмот. Често слушаме за тоа колку е добро водата да се пие со лимон,...

Рецепт за домашен и ПОСЕН мајонез

Рецепт за домашен и ПОСЕН мајонез

За сите љубители на мајонез, ви носиме поздрава верзија за да уживате во омилениот намаз без да биде толку мрсен и нездрав. За сите љубители на мајонез, ви носиме поздрава верзија за да уживате во омилениот намаз без да биде толку мрсен и нездрав. Потребно е: 50 ml...