Табуле салата (либанска салата)

Јан 9, 2019 | Салати

Традиционална либанска салата. Освежителна и многу здрава посебно поради количината на магдонос во неа.

Потребно е:

  • 1 чаша кус-кус (издробена пченица)
  • 1 китка магдонос
  • 1 домат
  • 1 свежа краставица
  • 1 лимон
  • маслиново масло
  • сол

Подготовка:
Кус-кусот потопете го во млака вода за да омекне. Додадете му половина исцеден лимон и оставете да стои еден час. За тоа време кус-кусот ќе ја впие течноста и ќе набабри.

Измијте го магдоносот и многу ситно исецкајте го.

Исто така многу ситно исецкајте ги краставицата и доматот.

Измешајте го сецканиот зеленчук со кус-кусот. Ако остане малку од течноста, исцедете ја.

Пред да ја послужите салатата посипете ја со сок од половина лимон и маслиново масло.

Послужување: Во некои рецепти може да се најде и ситно сецкана главица црвен кромид.

Идеја за лесен ручек без готвење: Карпачо од тиквички и бадеми

Идеја за лесен ручек без готвење: Карпачо од тиквички и бадеми

Рецептите со тиквички се неисцрпна тема, па не грижете се што да подготвите за летен ручек или лесна вечера бидејќи тиквичките се инспирација на која секогаш можете да се потпрете. Во оваа едноставна комбинација, ручекот што ќе го подготвите за вашите најблиски ќе...

Листа на најздрави салати

Листа на најздрави салати

Салатите се многу здрав оброк, но дали знаевте дека некои се сепак подобри за вашиот организам од другите благодарение на нутриентите кои ги содржат. Зависно од количината на здрави состојки како, на пример, влакна, протеини, калциум, железо, рибофлавин, витамини или...

Салата од просо, куркума и краставица

Салата од просо, куркума и краставица

Состојки 1 сецкана свежа краставица 100гр просо 1/2 лажиче куркума 1 лажиче ленено семе 100гр крем сир 2 лажици кисела павлака 1 лажица јогурт хималајска сол и бибер по вкус околу 300мл вода за варење на просото Подготовка Прво просото го ставаме во топла вода, во...

Пијалак за детоксикација: Брусница за чистење на организмот

Пијалак за детоксикација: Брусница за чистење на организмот

На сите нас ни е потребна детоксикација на организмот. Потребно е да го прочистиме телото од сите штетни супстанци кои ги внесуваме во нас преку храната, пијалоците но и преку воздухот. Најбрз начин да извршиме детоксикација е со пијалоци кои можеме да ги направиме...