Топлото чоколадо е дефинитивно единствениот пијалок кој не постои личност а да не го обожава. Тој е омилен пијалок на сите генерации , а посебно на најмладите. Топлото чоколадо е најсовршено во есенските денови но и на зимските температури. Ја намалува кашлицата и ги смирува дигестивните проблеми.
Ќе ви претставиме одличен рецепт за превкусно домашно топло чоколадо.
- 150 грама чоколадо со 60% какао
- 200 милилитри полномасно млеко
- 200 милилитри слатка павлака
- 1 лажичка кафен шеќер
- Прстофат сол
- Прстофат цимет
Начин на подготовка:
Исечкајте ја чоколадата на ситни парчиња. Млекото и павлаката измешајте ги во тенџере, па ставете ги да се варат на тивок оган. Штом смесата почне да врие, додајте ги парчињата чоколадо и мешајте додека не добиете густа кремаста смеса. Убаво мешајте ја смесата за да нема топчиња.
На крај додајте прстофат сол за поинтензивен вкус на чоколадата и малку цимет.