Направете го сами омилениот летен коктел дома: Уживајте како да сте во бар на плажа

Јун 23, 2023 | Пијалоци (Шејкови)

Најубавиот летен коктел за пријатно попладне или почеток на вечерта

Од скромните почетоци во малите барови низ северна Италија, ритуалот на пиење Аперол се рашири низ континентите, а луѓето ширум светот се поврзуваат преку љубовта да уживаат во овој коктел, кој дефинитивно е омилен во Италија.

Лесен, освежителен со уникатен горко-сладок вкус, „Aperol Spritz“ е совршен пијалок за средината на денот, за уживање со друштво после работа или за почеток на вечерта. Рецептот и процесот се едноставни, се за што треба да се погрижите е да си обезбедите добро друштво и добро расположение.

Состојки:

  • Многу мраз
  • Аперол
  • Просеко
  • Кисела вода
  • Портокал

Подготовка:

Прво ставете полна мерка Аперол, во чаша за вино.

Додадете мраз до врвот на чашата, да се наполни.

После тоа доаѓа просекот0 (околу 75 мл), а потоа киселата вода која ја истурате додека речиси не ја наполните чашата.

Промешајте да се соедините сè, а коктелот е подготвен за последниот детал – парче портокал.

Уживајте!

Овој КОКТЕЛ со специфично име е еден од најдобрите за во лето

Овој КОКТЕЛ со специфично име е еден од најдобрите за во лето

„Палома“ е мексиканска класика и злобна конкуренција на најпознатиот пијалак базиран на текила – Маргарита, и ако имате шише текила, лесно можете да направите еден од овие два пијалаци. Палома е пијалак кој Мексиканците едноставно го обожаваат поради различните...

Ново истражување открило кога е најздраво да го испиеме утринското кафе: Пред или после појадок?

Ново истражување открило кога е најздраво да го испиеме утринското кафе: Пред или после појадок?

Лошо сте спиеле и сте се разбудиле уморни. Секако дека првото нешто што го правите е вашето утринско кафе. Но ново истражување открило дека можеби тоа и не е толку добра идеја Имено, заклучокот на истражувачите кои работеле на ова истражување е дека консумирањето кафе...

Летен детокс: Оваа напивка ќе ви го прочисти телото од токсини и ќе ви го зајакне имунитетот

Летен детокс: Оваа напивка ќе ви го прочисти телото од токсини и ќе ви го зајакне имунитетот

Повеќето од нас во текот на карантинот уживавме во разни и честопати нездрави десерти. Сепак, дојде време да се излезе надвор, а многумина добија по некој килограм вишок. Исто така, во нашиот организам неминовно се насобираат штетни материи кои доаѓаат од лошата...

Ова е најпопуларниот празничен пијалок во САД и Канада

Ова е најпопуларниот празничен пијалок во САД и Канада

Егног (Eggnog) е традиционален популарен пијалок во САД и Канада и многу често се поврзува со зимските празници Божиќ, Нова година и Денот на благодарноста. Во преубавите зимски празници поголем дел од времето го поминуваме дома покрај огин, со нашите најблиски, па...