Полнети печурки

Окт 16, 2018 | Предјадење

Кога застудува, кога повеќе време минувате дома, а со самото тоа и покрај шпоретот ви се појавува желба за нешто ново. Еве предлог. Полнети печурки кај кои нема грешка и не може да не ви се допадна или некому во вашете опкружување. Затоа не губете време, особено што и не мора да е којзнае колку скапо.
Потребни состојки:

-500 гр свежи печурки (шампињони)
-100 грама шунка (ситно сецкана)
-100 грама сланина (ситно сецкана)
-100 грама рендан кашкавал
-50 грама сирење
-1 лажичка сол
-1 лажичка лут буковец
-Малку маслиново масло

 

 

Подготовка:

Печурките се длабат во средината за да се добие доволно простор да може да се наполнат. Средината од печурките која ќе се издлаби не се фрла туку ситно се сецка. Во тавче се става маслиновото масло се ставаат ситно исецканите печурки, се додава шунката и сланината и малце се пропржува за сланината да стане малце крцкава. На крај се додава сол и лут буковец. На страна се редат печурките во тавче во кое претходно ставате хартија за печење (не се подмачкува). Се редат издлабените печурки, се полнат со испржената смеса и се додава мало парче сирење (типот е ваш избор). На крај се наросуваат со сецкан кашкавал. Се печат 20-30 минути на 180 степени.

Крцкаво, зачинето и повикува за пиво: Рецепт за совршени печени компири

Крцкаво, зачинето и повикува за пиво: Рецепт за совршени печени компири

Зачинетите парчиња компир се опасно добра закуска, без разлика дали се служат со некој сос или како додаток на месо, риба или зеленчук. Својата крцкавост ја должат на лебните трошки, а својата сладост на зачините, кои по желба можете да ги прилагодите по сопствен...

Одллични за мезе : поховани печурки во пиво

Одллични за мезе : поховани печурки во пиво

Состојки: Две чаши пиво Две чаши брашно Две лажички лук во прав Две лажички сол Лажичка бибер Лажичка сушен магдонос 3-6 чаши масло (во зависност од тоа колку е голема тавата) Околу половина килограми печурки Подготовка: Истурете го маслото во тава – треба да биде...

Рецепти за лазања на кои не можете да им одолеете

Рецепти за лазања на кои не можете да им одолеете

естенините се омилено јадење за многумина од нас, а комбинации има безброј. Лазањата е посебно уживање, а може да ја направите со многу видови сосови. Она што е најважно за добра лазања е начинот на кој ја редите, па инспирирајте се од овие рецепти на Tasty на кои...

Полнети шампињони

Полнети шампињони

Состојки: 500 г шампињони Сол, бибер 2 лажички сушен или свеж босилек 50 г шунка 1 кромид Масло 2 лажици павлака 30 г кашкавал Приготвување: Измијте ги шампињоните и исчистете ги така за да има доволно место да се наполнат со смесата што ќе ја приготвите Исечете ги...