Знаете ли кое е традиционалното јадење на Грузија? Пробајте го рецептов и нема да зажалите

Јул 1, 2022 | Здрава храна

Ова е традиционално грузиско јадење кое може да се јаде и следниот ден. Освен тоа, сега е сезоната на доматите и штета е да не се искористи. Што се однесува до вкусот, грузиската кујна е многу слична на нашата.

Ако јадеме полнети пиперки, зошто не би пробале и домати?

Она што го прави ова јадење посебно е зачинот наречен грчка детелина, кој му дава на доматот вкус сличен на кари.

Потребно е:

  • 8 големи цврсти домати
  • Маслиново или сончогледово масло
  • 1 среден кромид, ситно исечкан
  • ½ лажиче сушена грчка детелина
  • ½ лажиче мелен коријандер
  • ½ лажиче црвен пипер или буковец
  • ½ чаша вода, или по потреба
  • 400 – 500 г сечкани печурки (одберете какви што сакате)
  • 2 големи чешниња лук, згмечени
  • Сол и бибер, по вкус
  • 1 чаша варен ориз
  • 3 лажици сечкан магданос
  • 2 лажици сечкан копар
  • 120 г моцарела, исечена да послужи како „капаче“ за доматите

Приготвување:
Загрејте ја рерната на 200 степени.

Издлабете ги доматите: прво отсечете го горниот дел, а потоа со мало ноже исчистете ја внатрешноста. Остатоците од горниот дел од доматот ситно исечкајте ги како и внатрешноста. Сочувајте ги.

За сосот: ставете две лажици масло во голема тава и загрејте на средна температура. Ставете го сечканиот кромид да се пропржи додека да омекне. Додадете грчка детелина, коријандер и црвен пипер и мешајте 1-2 минути. Додадете ги остатоците од доматот и ½ чаша вода. Нека зоврие. Зависно од тоа колку сок имале доматите може да ви треба повеќе или помалку вода. Сосот треба да згусне.

За полнењето: Ставете две лажици масло во голема тава и загрејте на средна температура. Додадете ги печурките и зачинете со сол и бибер. Динстајте ги додека да испари течноста што ќе ја пуштат и додека не станат кафени. При крај на готвењето додадете лук и промешајте. Оваа мешавина ставете ја во длабок сад. Тука додадете го варениот ориз, магданосот и копарот. Зачинете со сол и бибер ако е потребно.

Доматите наредете ги во длабока тава за печење откако претходно сте го посипале сосот. Доматите убаво наполнете ги, а одозгора ставете парчиња моцарела.

Печете 30-40 минути или додека сирењето не почне да потемнува. Послужете топло. Она што ќе остане, ако остане, може да се јаде и следниот ден.

Колку навистина шеќер има во една банана?!

Колку навистина шеќер има во една банана?!

Со порастот на диетите со малку јаглехидрати во последниве години, често се слуша препораката дека кога јадете овошје, треба да избегнувате банани бидејќи „имаат премногу шеќер“. Со порастот на диетите со малку јаглехидрати во последниве години, често се слуша...

Здрави енергетски бомбици без шеќер и брашно готови за пет минути

Здрави енергетски бомбици без шеќер и брашно готови за пет минути

Слатките не мора секогаш да бидат нездрави и полни со шеќер и брашно. Од неколку состојки можете да направите хранливи енергетски бомбици, а потребни се само пет минути. Една од главните состојки се урмите, кои се многу здрави и пожелни во исхраната. Состојки: 200...

Сите пијат вода со лимон, но ова овошје е едноставно „магично“ – еве како да си направите енергетски еликсир

Сите пијат вода со лимон, но ова овошје е едноставно „магично“ – еве како да си направите енергетски еликсир

Истражувањата покажуваат дека сувото грозје е корисно и за крвниот притисок и за кардиоваскуларното здравје. Во народната медицина постојат различни природни пијалоци кои благотворно делуваат на организмот. Често слушаме за тоа колку е добро водата да се пие со лимон,...

Рецепт за домашен и ПОСЕН мајонез

Рецепт за домашен и ПОСЕН мајонез

За сите љубители на мајонез, ви носиме поздрава верзија за да уживате во омилениот намаз без да биде толку мрсен и нездрав. За сите љубители на мајонез, ви носиме поздрава верзија за да уживате во омилениот намаз без да биде толку мрсен и нездрав. Потребно е: 50 ml...