Не ги купувајте виршлите „Вуди“ имаат бактерија – АХВ нареди итно повлекување

Сеп 22, 2022 | Македонска Кујна

Врз основа на добиена нотификација за пласиран небезбеден производ на пазарот во Република Северна Македонија – виршли од
брендот „Вуди“ (Wudy), кај кои вo земја членка на ЕУ, било утврдено присуство на бактерија Листерија моноцитогенес (Listeria
мonocytogenes ST 155), како контакт точка на Европската Унија, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), нареди итно повлекување
на неколку небезбедни серии од тој производ.

– Кај компанијата увозник извршен е вонреден инспекциски надзор и утврдено е дека од спорните серии, кои во земјава биле увезени во
неколку наврати, во магацините се наоѓаат 3030 килограми, кои се ставени под службен надзор. Овие количини, нештетно ќе бидат
уништени заедно со количините кои ќе бидат повлечени од пазарот, истакнаа од АХВ.
Оттаму додадоа дека за небезбедниот производ преку RASSF системот на ЕУ известила Италија,
која врз основа појавата на труење предизвикано со патогената бактерија Lysteria monocitogenes ST 155 ја креирала наведената
нотификација која била поткрепена и со лабораториска анализа. Спорните серии од производителот Agricola Trevalli Soc Coap ARL од
Италија во земјава биле увезени преку компанијата Колид С Тим од Колешино Струмица.
– Се повикуваат потрошувачите кои ги имаат купено посочените серии од производот истите да не ги употребуваат, односно, да ги вратат на
местото каде се купени. Секоја недоследност во однос на безбедноста на храната граѓаните
можат да ја пријават лично до Одделението за заштита на потрошувачите при АХВ, на бесплатната телефонска линија наменета за
потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk, потенцираа од АХВ.

Објавена листата, ова се најлошо оценетите македонски јадења

Објавена листата, ова се најлошо оценетите македонски јадења

Популарниот портал за гастрономија, Taste Atlas, објави листа на најлошо рангирани македонски јадења, врз основа на оценките на корисниците на оваа страница. Најлоша оценка има кукурек, односно оценето е како најлошо јадење. Најдобра оценка од 10-те најлоши јадења...

Направете неодоливи КРОКЕТИ ОД КОМПИР: Крцкави однадвор, меки одвнатре – повкусни од купечките

Направете неодоливи КРОКЕТИ ОД КОМПИР: Крцкави однадвор, меки одвнатре – повкусни од купечките

Крокетите од компир најчесто се служат како додаток на главните јадења, а неодоливата комбинација на меко и крцкаво ги направи толку популарни. Се верува дека настанале во Франција кон крајот на 19 век. Можете да ги купите во продавница, но најдобро е сами да ги...

Заборавете на сите други рецепти: Ова е најдобрата смеса за палачинки!

Заборавете на сите други рецепти: Ова е најдобрата смеса за палачинки!

Подготовката на смесата за палачинки треба да биде една од наједноставните потфати во кујната, но колку и да изгледа едноставна подготовката на смесата, има чести дискусии за мали трикови што ќе обезбедат меки и вкусни палачинки. Овие трикови обично се поврзани со...

Рецепт за полнети печени патлиџани кои ќе ве одушеват со неверојатниот вкус

Рецепт за полнети печени патлиџани кои ќе ве одушеват со неверојатниот вкус

Вкусно и визуелно многу привлечно јадење – полнетите печени домати се вистинска рапсодија на вкус, боја и арома, а сите ќе уживаат во оваа комбинација. Кускусот е храна која се добива од здробена тврда пченица и е многу популарна храна во кујните на арапските земји....