Рецепт за полнети печени патлиџани кои ќе ве одушеват со неверојатниот вкус

Мај 13, 2023 | Македонска Кујна

Вкусно и визуелно многу привлечно јадење – полнетите печени домати се вистинска рапсодија на вкус, боја и арома, а сите ќе уживаат во оваа комбинација.

Кускусот е храна која се добива од здробена тврда пченица и е многу популарна храна во кујните на арапските земји. Со него често се подготвуваат салати, и тоа е одличен додаток на чорби или како прилог. Во овој рецепт ќе служи како главна состојка, заедно со фета сирењето, за полнење на вкусни печени домати.

Потребни состојки:

  • 8 поголеми домати
  • 3 млади главици кромид, со зелен дел
  • 250 гр кускус
  • 100 гр фета сирење
  • 1 лажичка куркума
  • 1 лажица семки од сончоглед
  • 1 лажичка црн сусам
  • 4 лажици екстра девствено маслиново масло
  • сол
  • пиперка

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 190 степени.

Со доматите исечете ја ’шапката’ на горниот дел на патлиџанот кај дршката, приближно 2/3 од висината. Извадете ја пулпата со лажица, внимавајќи да не ги оштетите ѕидовите.

Наредете ги наопаку во плех и печете ги на 190 степени околу 20 минути.

Младиот лук излупете го и исечете го на парчиња.

Распарчите фета сирење.

Во тенџере сварете 250 милилитри вода.

Зовриената вода тргнете ја од оган, додадете ги кускусот и куркумата, промешајте, па оставете да отстои 5 минути да се излади.

Смесата од кускус и куркума се истура во сад за салата, се додава издробеното фета сирење, прстените кромид, црн сусам, семките од сончоглед и маслото, па сето убаво се меша.

Извадете ги доматите од рерна, зачинете ја внатрешноста и наполнете ги со смесата од садот за салата.

Полнетите домати покријте ги со „шеширот“ односно горниот дел. Пријатно јадење!

Без кори, ги мешате сите состојки и ја ставате во плех: Едноставен рецепт за шпанска пита кој на сите им успева од прва

Без кори, ги мешате сите состојки и ја ставате во плех: Едноставен рецепт за шпанска пита кој на сите им успева од прва

Доколку сакате брзи, солени пикантерии тогаш овој рецепт ќе ве купи на прво залче. Кога станува збор за пикантериите во омилените се вбројуваат питата, мафините, кифличките, но и шпанската пита за која многумина велат дека е совршен спој на најубавите состојки....

Сите сакаме да го јадеме, а знаеме дека е калоричен: Има една тајна за да направите здрав и вкусен помфрит

Сите сакаме да го јадеме, а знаеме дека е калоричен: Има една тајна за да направите здрав и вкусен помфрит

Помфритот е идеален додаток за хамбургери или друго месо на скара. Сепак, многу луѓе го јадат и како главно јадење, со малку салата. Но, поради начинот на подготовка кој бара пржење во големи количини масло, помфритот е меѓу намирниците кои воопшто не се најздравиот...

Без квасец и јајца, готови за 15 минути: Рецепт за домашни КРОФНИ кои се топат во устата

Без квасец и јајца, готови за 15 минути: Рецепт за домашни КРОФНИ кои се топат во устата

Ако размислувате со што да се почестите по напорен ден на работа, имаме идеја. Овие домашни крофни имаат вкус исто како оние од пекарницата, а одличната работа е што можете да ги направите дома за само 15 минути. Една мерка ќе направи 35 крофни, па размислете веднаш...

Одлична идеја за лесен ручек: Печурки полнети со пилешко и спанаќ

Одлична идеја за лесен ручек: Печурки полнети со пилешко и спанаќ

Вкусен оброк за 45 минути. Нема кој не ги сака полнетите печурки, а ние ќе ви предложиме одличен рецепт за вкусна пролетна варијација на ова јадење. Состојки: 300 гр. шампињони 150 гр. пилешко бело месо, сечено на ситно коцки 70 гр. рендан кашкавал 150 гр. спанаќ Мала...