Сите сакаме да го јадеме, а знаеме дека е калоричен: Има една тајна за да направите здрав и вкусен помфрит

Апр 29, 2023 | Брза храна

Помфритот е идеален додаток за хамбургери или друго месо на скара. Сепак, многу луѓе го јадат и како главно јадење, со малку салата.

Но, поради начинот на подготовка кој бара пржење во големи количини масло, помфритот е меѓу намирниците кои воопшто не се најздравиот избор. Компирите сами по себе се многу добар извор на витамините Б, но откако ќе се натопи во врело масло, оваа нискокалорична храна се претвора во калориска бомба која го зголемува лошиот холестерол.

За среќа на многумина, можно е да се подготви и без масло, а вкусот е исто толку добар благодарение на една состојка.

Тајната е во белката

Освен компири, за оваа поздрава варијанта на помфрит ќе ви требаат белки од јајца и зачини по вкус. За почеток, излупете ги компирите и исечете ги за да добиете форма на помфрит. Потоа валкајте го во изматени белки во кои претходно сте додале зачини по желба.

Помфритот наредете го во плех обложен со хартија за печење и печете го во загреана рерна на 200 степени додека не поруменат.

Времето на печење ќе зависи од моќноста на рерната.

Благодарение на „лушпата“ од белка ќе ја добие добро познатата крцкава кора, а внатрешноста ќе остане совршено мека.

БРЗА ВЕЧЕРА КОЈА ЈА САКААТ СИТЕ: Подгответе шпагети со лук

БРЗА ВЕЧЕРА КОЈА ЈА САКААТ СИТЕ: Подгответе шпагети со лук

Лукот му дава на јадењето феноменален вкус, затоа направете незаборавни шпагети за кратко време. Состојки: * 250 гр шпагети * 100 мл крем за готвење * 1 литар вода * 8 чешниња лук * 3 лажици маслиново масло * сол, бибер * 100 гр рендан пармезан * малку свеж магдонос...

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Во сад ставете протеин по вкус, овесна каша, путер од кикирики и ситно сечкани чоколадни парченца. Мешајте ја смесата додека не стане хомогена, а по потреба додадете една лажица вода или млеко. Можете да декорирате со кокосови трошки или со нешто друго по желба....

Совршен бешамел сос: Одлично оди со разни јадења, ваков не сте пробале досега

Совршен бешамел сос: Одлично оди со разни јадења, ваков не сте пробале досега

Ви треба: 700 мл млеко 50 до 70 гр путер 50 гр брашно сол и бибер по вкус морско оревче Подготовка: Растопете го путерот на тивок оган, па кога ќе почне да крчка, додадете го брашното и почнете да мешате со жица за да не се формираат грутчиња. Пропржете го брашното...

Домашен сладолед готов за миг: Рецепт без млеко и шеќер од само 2 состојки

Домашен сладолед готов за миг: Рецепт без млеко и шеќер од само 2 состојки

Како се прави најздравиот и највкусниот домашен сладолед? Веганската кујна ни дарувала многу драгоцени рецепти, благодарение на кои вообичаените слатки може да ги замениме со здрави и еднакви вкусни алтернативи. Еден од таквите рецепти за домашен, чоколаден сладолед...